Спорт
Навивачите убедени дека ждрепката е наместена за Јунајтед
Манчестер јунајтед ќе го пречека Њукасл во осминафиналето од Лига купот.
По жрпеката, во прв план се истакнува податокот дека Јунајтед 12. пат по ред е домаќин на средба во ФА Купот или Лига купот, а таа серија трае веќе две и пол години.
Јунајтед го одигра последниот натпревар на гостински терен против Лестер во март 2021 година, кога беше поразен со 1:3. Социјалните мрежи се преполни со објави на разочарани фанови кои тврдат дека ваква серија е невозможна.
Англиските медиуми ги пресметаа шансите Јунајтед по 12. пат да биде домаќин во куп натпревар. Тие се 1:4094. Доколку Јунајтед помине, шансите да биде домаќин по 13. пат се зголемуваат на 1:8190.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Наполи на „Олд Трафорд“ ја најде замената за Кварацхелија
Алехандро Гарначо, крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед нема сигурен статус во клубот по доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим. Англиските медиуми шпекулираат дека Аргентинецот ќе го напушти тимот во актуелниот преоден рок.
Пишувањата на англискиот печат ги подржува и Танкреди Палмери еден од најпознатите италијански спортски новинари.
Наполи е подготвен да го донесе Гарначо доколку Кварацхелија го напушти клубот и замине во Пари Сен Жермен.
Наполи е подготвен да плати 50 милиони евра, оваа сума со задоволство би ја прифатиле челниците на Јунајтед.
Гарначо оваа сезона одигра 29 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна осум гола и додаде четири асистенции, но е без гол или асистенција на последните осум натпревари во Премиер лигата.
Спорт
Два пати беше во финалето на „Нинџа воин“, сега на 41 година ќе игра на СП во ракомет
Ракометната репрезентација на САД ќе настапи на Светското првенство во Хрватска, Норвешка и Данска. Американците го отвораат турнирот во среда против Португалија, во кој се апсолутни аутсајдери.
САД се една од најслабите селекции на турнирот, а во групата фаворизирани се и Норвешка и Бразил.
За САД ќе игра и 40-годишниот Гери Хајнс. Тој игра за германскиот клуб СГ Лангенфелд во петтата германска лига, а таму е од 2008 година.
Во јавноста е познат и како „Нинџа воин“. Учествуваше во тоа шоу, во кое стигна до финалето во 2016 и 2017 година. „Нинџа воин шоу“ е јапонска спортска и забавна програма која вклучува возбудливи натпревари и интересни игри полни со адреналин, во кои одличната физичка подготвеност е клучна.
Хајнс дебитираше за САД пред две години, кога неговиот тим го победи Мароко со 28:27.
Тоа беше историска победа за САД во ракомет. Американците досега шест пати учествувале на СП. Пет пати беа последни, а во 1994 година завршија на 21 место од 24 екипи.
Спорт
Јувентус и Манчестер јунајтед ќе разменат фудбалери
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел да биде дел од трампата помеѓу Јувентус и Манчестер jунајтед и на тој начин да се пресели во Премиер лигат.
Веста ја објави „Фихајес“, а Јунајтед и Јувентус наводно се во напредни преговори околу размената на фудбалери. Според овој извор, Влаховиќ би се преселил на „Олд Трафорд“, а во спортивна насока би заминал Хоманѓанецот, Џошуа Зиркзе.
Зиркзе е на врвот на приоритетната листа на тренерот Тиаго Мота, а ситуацијата дополнително ја подгрева и тоа што Влаховиќ не е среќен во Јувентус, а Јунајтед не е задоволен со напаѓачите.
Очигледно, Аморим во Влаховиќ го гледа напаѓачот што му е потребен на „Олд Трафорд“ и верува дека неговото доаѓање може да ја сврти ситуацијата за Јунајтед.
Влаховиќ оваа сезона одигра 23 натпревари во сите натпреварувања, постигна 12 гола и имаше две асистенции.
Од друга страна, Зиркзе на 28 натпревари има забележано четири гола и две асистенции.