Црна хроника
Малолетник бил малтретиран од неговите баба и тетка: го терале да питачи
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривични пријава против А.Џ.(58) и Б.К.(35), двете од Штип.
Тие се сомнничат извршено на кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Пријавените, баба и тетка на малолетно дете, го подведувале на питачење на 12.08.2023 на ул.„Братство Единство“ и ул.„8 Септември“ во Дебар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Турски државјанин најден починат во хотел во Охрид
Шеесет и тригодишен државјанин на Турција, во текот на вчерашниот ден бил најден починат во хотел во Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека пријавата ја добиле вчераутро, а станува збор за лице со иницијали Х.К..
Доктор од итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото, извршија полициски екипи.
Топ
Автомобил излета од патот кај Битола, возачот тешко повреден
Автомобил управуван од 68-годишен маж од Битола излета од патот Ресен-Битола.
Од МВР информираа дека несреќата се случила вчера во 17.50 часот, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Полицијата приведе осуденик додека пазарел во маркет во Битола, го барале со потерница
Прилепчанец кој се барал со централна потерница од Идризово за издржување на казна затвор во времетраење од една година и два месеца бил приведен во Битола.
Од МВР информираа дека 46-годишниот маж вчера околу 18.20 часот бил приведен во маркет на улицата Филип Втори Македонски.
Приведувањето е врз основа на централна потерница од Казнено поправната установа Затвор Идризово.