Контакт

Спорт

Нов рекорд – Над 11.000 учесници од 53 земји ќе трчаат на „Скопски маратон 2023“

Објавено пред

На најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, во недела, 1. октомври 2023, во склоп на своето 19 издание, повеќе од 11.000 учесници се очекуваат да истрчаат низ скопските улици и да го исполнат главниот град со позитивна енергија.

dobivaj vesti na viber

Заклучно со 20. септември, системот за пријавување на учесници брои точно 11.079 пријавени.

Овој спортски настан, којшто во организација вбројува повеќе од 400 лица, наредната година ќе го прослави својот 20ти јубилеј, а од година во година, пријавените учесници доаѓаат од сите страни од земјата, но и од Балканот, регионот и од целиот свет. Очекувано, секој учесник на Виз Ер Скопскиот маратон е љубител на трчањето, но со сигурност е и вистински и автентичен амбасадор на здравите спортски навики.

Како најочекуван датум во Македонија за сите вљубеници во трчањето, Виз Ер Скопскиот маратон, вбројувајќи ги трките – маратон (42.195 км), полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, „ЕУ за спорт“ (10км – 11км – 10км – 11км), како и трката за рекреативци на 5км, која е и најмасовната трка од сите, – оваа недела ќе започне точно во 08:00 часот.

Организаторите апелираат до сите тркачи добро да се информираат од која страна да пристапат во недела на стартната линија, затоа што ќе има разминувачки старт.

На денешната прес конференција, свои обраќања имаа Зоран Стојановиќ, Претседател на Сојуз на Спортови на Скопје, Кире Синадиновски, Спортски директор на Виз Ер Скопски маратон, Зоран Глигоров, Секретар на Град Скопје, Даниел Димевски, Претседател на МОК – Македонскиот Олимписки Комитет, како и Дарио Ивановски, македонски атлетичар.

„Во недела на 1ви октомври се оддржува 19то издание на Виз Ер Скопскиот маратон. Оваа година ќе имаме огромен број на учесници, преку 11.000,  од 53 земји. Бројките мора да кажам дека нѐ изненадија, бидејќи минатата година имавме околу 8.000 учесници. Не очекувавме волку голем интерес. Сѐ уште сме далеку од онаа бројка од 2019 година, кога имавме 12.500 учесници, но сепак бројот на учесници е огромен. Патеката на трката останува иста како и минатата година. Истата е сертифицирана од Светска атлетика и од Меѓународната асоцијација на улични трки и маратони – АИМС. Тоа значи дека сите резултати и рекорди ќе бидат признати, а оваа година сме пред олимписка година, така што важно е за сите учесници резултатите да им бидат валидни. Покрај тоа, оваа година се враќаат повторно и државното првенство во организација на Атлетската Федерација на Македонија во маратон и ќе ги имаме најдобрите македонски натпреварувачи на патеката. Очекувам одлични временски услови, можеби малку претопло за оние побавните маратонци, затоа што сепак температурата се очекува да биде до 25 степени, но во утринските часови ќе има идеални услови за исполнување на добри резултати за оние врвни атлетичари. Ќе имаме неколку претставници од Кенија, во машка и женска конкуренција на маратонот. Тука е и нашиот Дарио Ивановски и мислам дека ќе имаме одлична трка и атмосфера на улиците низ Скопје и затоа ги повикувам сите Скопјани, во што поголем број да излезат на улиците и да ги бодрат маратонците,“ изјави Кире Синадиновски.

Голема помош на целосната организација даваат и сите пријавени волонтери, кои ќе бидат вклучени во реализацијата на овогодинешното издание, но секако и сите поддржувачи и покровители на овој голем настан.

„Виз Ер Скопскиот маратон прерасна во една манифестација, којашто е најголема во Македонија и на којашто веќе станува престиж да се учествува. Треба да се заблагодариме прво на генералниот спонзор Виз Ер, којшто овозможува во значителна мера ова да се реализира, но тука се и покровителите Градот Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската Унија во Македонија. Исто така, голем придонес за успешна реализација на маратонот, е и помошта од Црвен Крст на Град Скопје, Армијата на Македонија, Црвен Крст на Куманово оваа година првпат се вклучува, Македонски Олимписки Комитет е со голема поддршка на настанот, како и бројни спонзори, коишто сѐ потешко се наоѓаат, меѓутоа сѐ уште постојат и коишто го сфаќаат значењето на овој настан за нас и за населението, за што повеќе да се излезе на улиците, што повеќе да се трча, да се развива таа спортска култура и да имаме поздрава нација,“ изјави Зоран Стојановиќ, Претседател на Сојуз на спортови на Скопје.

Атлетиката е секако олимписки спорт, па затоа значителна е и поддршката од Македонскиот Олимписки Комитет на овој настан.

„Скопје навистина има привилегија да го има овој врвен спортски настан, веќе толку години, а ние како МОК, имаме привилегија да бидеме поддржувач и дел од овој настан. Од сѐ срце им честитам на организаторите за вложениот труд на сето она што го прават за спортот и за државата, на сите, кои навистина прават оваа традиција да биде сѐ подобра и подобра. Привилегијата што ја има Скопје да биде на мапата на градови, коишто имаат маратон, а сите оние бенефити што ги има, не се само промотивни, туку и спортски и секако туризмот.  Илјадници луѓе секоја година доаѓаат во нашиот град и го носат во најдобар спомен, и тоа е нешто што навистина заслужува сечија поддршка. Мислам дека тие со својата работа ја подигнаа и културата на живеење кај нас. Сите ние научивме дека треба повеќе да се грижиме за себе и за своето тело, повеќе да рекреираме и навистина им честитам за тоа што го прават и им посакувам уште многу години успешна реализација,“ изјави Даниел Димевски, Претседател на МОК.

Град Скопје е долгорочен покровител на настанот Виз Ер Скопски маратон, којшто како настан е симбол на спортскиот дух на град Скопје, македонскиот спорт и здравите навики.

„Ми претставува огромна чест и задоволство да бидам дел од еден ваков настан, успешен, а и не само на Град Скопје, туку и лично на мене како тркач, а секако и чест и задоволство е да седам до еден ваков успешен човек и спортист. Градот Скопје, заедно во својство со Сојузот на спортови на Скопје, – благодарност исто и до МОК, – заедно со Делегацијата на Европската Унија, којашто е присутна во Република Македонија, заедно со Министерството за внатрешни работи, со Армијата на Република Македонија, со Црвениот Крст на Град Скопје и на Куманово, заедно со сите атлетски клубови, коишто се присутни во градот Скопје, има особена чест и задоволство да го потпомогне овој маратон и ова спортско натпреварување. За таа прилика Градот има издвоено 900.000 денари од градскиот буџет и напоредно сите градски јавни претпријатија се вклучени во директна помош и поддршка, со цел да може оваа спортска манифестација да се заврши на најдобар можен начин. Сакам исто така да истакнам дека ова не е само спортска манифестација, туку исто така и културна, економска и туристичка манифестација. Град Скопје, минатата недела доби една огромна титула, кадешто од страна на Европската комисија, е прогласен за Европска претстолнина на културата. Така што тоа значи еден дополнителен импакт, којшто директно ќе се прелее, не само на оваа спортска манифестација, со дополнителни средства и организациски можности во наредниот период, туку исто така и на сите останати културни манифестации, изградба на инфраструктура, изградба на објекти, кадешто ќе можеме на сите граѓани на Скопје и туристи и чинители, кои имаат можност да ги користат убавините на градот Скопје, дополнително да го збогатиме животот и содржините, врз основа на кои ќе можеме градот Скопје, а воедно и нашата држава да ја истакнеме што подобро во рамките на, не само на европското семејство на европските народи, туку и пошироко и во регионот и во целиот свет. Уште еднаш сакам огромна благодарност да истакнам до организаторот Сојуз на спортови, до МОК, МВР, Армијата, до Црвениот Крст, до атлетските клубови, до учесниците, кои се пријавија и сакам да им дадеме поддршка на нашите спортисти, кои ќе учествуваат. Секако сакам да упатам и јавна покана до жителите на градот Скопје, жителите на околните населби и на другите градови во Република Македонија, заедно со своите семејства, со своите пријатели, со своите комшии, да дојдат и да ги поддржат овие натпреварувачи, кои ќе учествуваат во трката за на крај заеднички да биде успехот по завршетокот на оваа манифестација,“ изјави Зоран Глигоров, Секретар на Град Скопје

Едно од успешните имиња во македонската атлетика е секако Дарио Ивановски, кој во недела очекува нов рекорд.

„Би сакал пред сѐ да се заблагодарам на дел од екипата на маратонот, посебно на организаторот. За себе можам да кажам дека сум во одлична форма, врвна форма, тоа си го докажав пред неколку недели, кога станав Балкански Шампион на полумаратон и од тој момент со тој резултат верувам дека можам да постигнам нов државен рекорд и дека ќе го извадам најдобриот резултат за да се пласирам на Олимписките Игри во Париз. Во 2021 година победив на маратонот во Скопје, но тогаш реално немав многу конкуренција. Овој пат сакам да победам исто така на Виз Ер Скопскиот маратон, – и иако ќе има натпреварувачи од Кенија, секако сум во добра форма и верувам дека ако го истрчам најдоброто што можам да го истрчам, или пак ако сум блиску до мојот личен, дека има шанси и за победа во севкупната категорија. Исто така многу ми е мило што ќе биде државно првенство, што имаме шанса да се покажеме пред најблиските и ги поканувам сите да дојдат и да навиваат, бидејќи ова е денот за нас, ова е денот кадешто јас можам да покажам како работам напорно секој ден, с посилно и посилно до наредните цели“, изјави Дарио Ивановски.

Дарио верува силно во својата спремност и подготвеност за маратонот во недела, но тоа секако е резултат на посветеноста и подготовките за истото.

„Во Белград кога трчав на полумаратонот, истото беше почеток на подготовките и бев премногу задоволен како настапив на тој полумаратон и верувам дека сега можам да се држам рамо до рамо со најдобрите. Мислам дека сите сме Скопски маратон, треба сите напорно да се вложиме, бидејќи овој маратон припаѓа на сите, затоа што ние треба да оставиме добар впечаток кај младите“ – дополни Ивановски.

Синадиновски упати и потсетување до сите тркачки и тркачи за подигнувањето на стартните пакети за 19то издание на Виз Ер Скопски маратон.

„Од утре почнува издавањето на стартните пакети за сите учесници во Спортскиот Центар Јане Сандански, во петок и сабота, од 10 до 20 часот, а ги повикувам и сите граѓани да дојдат, затоа што ќе има еден мини спортски саем, кадешто дел од нашите партнери и други заинтересирани компании ќе ги претстават своите производи и тука ќе се подигнуваат и стартните пакети. А во сабота вечер, во 19 часот, заедно во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје, организираме и една мала забава, „Pasta Party“, којашто е вообичаена за сите маратони во светот, па затоа ги повикувам и сите заинтересирани да дојдат на таа забава. Еден купон за паста ќе чини 100 денари, но сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели, во здружението „Проект Среќа“, дополни Кире Синадиновски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Џабе го поврзуваат со Реал, Клоп нема намера да работи како тренер

Објавено пред

Реал Мадрид, вчера го изненади фудбалскиот свет со одлуката, спогодбено да се раздели до тренерот Чаби Алонсо. Тимот го презеде, Алваро Арбелоа, тренер на Б-тимот на Реал.

dobivaj vesti na viber

Многу работи не се движеа во вистинска насока во Реал. Допрва работите ќе излегуваат на виделина, но јасно е дека Алонсо не само што ја немал поддршката од соблекувалната, туку исто така и клупските челници не биле на негова страна.

Флорентино Перез реши да се раздели со тренерот, откако Реал во неделата, доживеа пораз од Барселона, во Суперкупот на Шпанија.

Првиот човек на Реал, наводно сака да го донесе Јирген Клоп. Славниот Германец веќе 18 месеци не работи како тренер, тој е директор на фудбалските операции во Ред Бул.

„Тоа нема никаква врска со мене. Не барав работа и немам планови да се вратам на клупата таму“, изјавил Клоп и потврдил дека воопшто не му недостига тренерската работа.

„Не ми недостига стоењето на дожд, два и пол до три часа, не ми недостига одењето на прес-конференции три пати неделно, 12 интервјуа неделно, не ми недостига, не ми недостига. Не ми недостига да бидам во соблекувалната, успеав да одиграм околу 1080 натпревари, па многу бев во соблекувалната. Не сакам да умрам во соблекувалната затоа што не е убаво таму, смрди.“

„Можеби нешто ќе се случи, имам 58 години, би можел да донесам одлука за неколку години… Не знам. Дали треба денес да донесам одлука дека повеќе нема да бидам тренер? Фала му на Бога што не морам, можам само да видам што носи иднината. Сега сум во проект што навистина го сакам, сакам да го правам она што го правам токму сега“.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Руиз ќе го продолжи договорот со ПСЖ

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и Фабијан Руиз се согласија за сите услови во врска со продолжувањето на соработката.

dobivaj vesti na viber

Новинарот Матео Морето, денес потврди дека сè е подготвено Фабијан Руиз да потпише до летото 2029 година.

Репрезентативецот на Шпанија беше поврзан со бројни клубови, го канеа во Турција, дури и Реал Мадрид беше споменат претходно, но впечатокот е дека на Руиз му е најдобро во Париз.

Тој пристигна во ПСЖ, во летото 2022 година за 22.500.000 евра од Наполи и сега е легенда на „Светците“. Одигра 155 натпревари за ПСЖ, постигна 16 гола со 24 асистенции и ги освои сите можни трофеи.

Заедно со Витиња и Жоао Невес, тој е дел од трио во средината на теренот и Луис Енрике не сакаше да го остане без сонародникот.

Договорот на Руиз истекува во летото 2027 година, и затоа ПСЖ сакаше да ја затвори приказната на време, за да не му дозволи да влезе во последната година по завршувањето на сезоната.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Ал-Итихад му нуди на Меси бланко чек

Објавено пред

Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, повторно ја изрази својата желба да го доведе Лионел Меси, наведувајќи дека е подготвен да му понуди на аргентинскиот фудбалер бланко чек. Светските медиуми објавуваат изјави во кои Ал Хаили истакнува дека парите нема да бидат пречка за реализација на овој трансфер.

dobivaj vesti na viber

Ал Хаили наводно е подготвен да му дозволи на Меси самиот да ги одреди финансиските услови и времетраењето на договорот.

„Доколку Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек на кој може да напише која било сума, со договор за кој било период што ќе го избере, дури може договорот да биде доживотен“, рече Хејли.

Тој додаде дека доаѓањето на Меси би било од големо значење за клубот: „Доколку Меси го носи дресот на Ал-Итихад тука во Саудиска Арабија, парите немаше да ми значат ништо. Ќе ја славевме лигата пред да започне, бидејќи ќе го имав најдобриот играч во историјата на фудбалот.“

Претседателот на Ал-Итихад потврди дека веќе се обидел да го ангажира Меси претходно, по неговото заминување од Париз:

„Да, го контактирав кога му истече договорот со Париз и му понудив договор од 1,4 милијарди евра, односно 88 милиони евра годишно, но тој одби без дури ни да ја слушне понудата бидејќи неговото семејство ја претпочиташе Америка. Го почитувам тоа и вратите на Ал-Итихад секогаш му се отворени кога и сака да дојде“, рече Ал Хаили и дополни:

„Повеќе нема да се насочуваме кон бројки, едноставно ќе му дадам на Меси бланко чек да напише што сака. Тоа е најдобриот начин“.

И покрај великодушната финансиска понуда, се смета дека преселбата на Меси во Саудиска Арабија е малку веројатна. Аргентинскиот фудбалер се прилагоди на животот во Соединетите Американски Држави, каде што живее со своето семејство, а неодамна тој го продолжи договорот со Интер Мајами.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија4 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија4 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија4 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија4 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија5 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија9 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ10 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет10 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет10 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет10 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет11 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија21 час

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ1 ден

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија1 ден

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија1 ден

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...