Регион
Додик: Подадената рака од Исток значи договор, а од Запад измама

Милорад Додик, претседателот на Република Српска, рече дека најдоцна на почетокот на ноември во Москва ќе разговара со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
„Интересно е да се разговара со Путин. Тоа е навистина, што се однесува до мене, висока привилегија. Кога нему ќе му подадете рака и тој ќе каже дека нешто е во ред, тогаш е во ред. Кога ќе му пружиш рака на западњак, знаеш дека следниот ден те изневерил“, вели Додик.
„Русија ја измачуваат Втората светска војна и комунистичкото владеење, како и очекувањата дека Западот, конечно, ќе ги прифати Русите како составен дел од тие вредности. Таа изгуби 30 години во потрагата и сфати дека Западот сака само преку Украина да дојде до суровини и ресурси на истокот на Русија“, додаде Додик.
Тој изјави дека најголемите бранители на комунистичките вредности се, всушност, Западот и САД бидејќи тие поддржуваат сè што правеле комунистичките власти во минатото на штета на суверените држави, како што е Русија денес.
„Америка ја урна Европската Унија, која повеќе не е фактор, преку конфликтот во Украина. Тие ја запреа Германија затоа што се плашеа од сојузот меѓу оваа земја и Руската Федерација. Синоним за тој сојуз беше ‘Северен тек’“, изјави Додик за „Срна“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.