Македонија
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи општините со средства од централниот буџет, порача Мицкоски
Денеска, благодарение на општината, градоначалникот, советниците, пратениците што доаѓаат од општина Гази Баба, почнува проект во ова населено место во вредност од 8 милиони денари, со што ќе се реши овој децениски проблем, односно жителите на ова населено место ќе добијат вода, што е многу важно, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Сето тоа претставува само дополнителен мотив да направиме разлика помеѓу оние што денеска седат во Владата, а се дел од коалицијата СДС и ДУИ, и оние луѓе што градат, а тоа се градоначалниците што доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, повеќето од нив имаат речиси реализирана програма, која беше ветувана на локалните избори во 2021 година, а некој просек од 60 % веќе на половина од мандатот е на целата територија, каде што има градоначалници што доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Имајќи предвид дека за неколку месеци од денес ќе имаме влада што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, таа влада има намера да реализира од централниот буџет да децентрализира приближно 9 милиони евра годишно само за општина Гази Баба“, рече Мицкоски.
Убеден е дека програмата ќе биде предвреме исполнета и ќе бидат направени проекти што не биле ветувани и не биле дел од програмата за локални избори.
„Само можам да ги охрабрам луѓето што овде тимски работат, градоначалникот, администрацијата, советниците, пратениците што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, така да продолжат да ги реализираме овие проекти затоа што мораме да покажеме и докажеме дека не се сите исти, дека има такви што крадат, како што се овие во Владата, и такви што градат, а тоа се градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

