Спорт
Драма во Ница, фудбалер се заканува дека ќе скокне од мост
Фудбалер на Ница се заканува со самоубиство, пренесуваат француските медиуми и додаваат дека се работи за 22. годишниот Алексис Бека Бека.
Според информациите, тој моментално се наоѓа на мостот Манјан, 100 метри над земјата и се заканува дека ќе скокне. Причината за тоа е раскинувањето.
Полицијата и пожарникарите се на терен, во моментов се преговара со фудбалерот. На местото е испратен и клупскиот психолог.
Таму се и неколку негови соиграчи, а се очекува да дојде и девојката за која се вели дека ја прекинала врската. Бека Бека тешко се го поднел раскинувањето.
🚨 | OGC Nice have sent a psychologist to the viaduct on the motorway where their player is threatening to commit suicide – several players, including Khéphren Thuram, are trying to contact the player's girlfriend, who is expected to arrive at the scene. pic.twitter.com/iQxv7z38zR
— Sports Radio Brila FM (@Brilafm889) September 29, 2023
Бека Бека е играч од средниот ред кој кариерата ја започна во Кан. Во Ница простигна од Локомотив Москва за 12.000.000 евра. Минатата сезона настапи на 14 натпревари во Лига 1, а оваа сезона се уште ги чека првите минути во Ница. Ги помина сите јуниорски француски селекции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баерн против Волфсбург броеше до осум
Како што се очекуваше, фудбалерите на Баерн го победија тимот на Волфсбург во последниот натпревар од 16-то коло на Бундеслигата. Баварците го декласираа ривалот со 8:1.
Баварците воспоставија контрола од првата минута, имаа многу поголем посед на топката, но гостите од Долна Саксонија беа подеднакво опасни во првото полувреме пред голот на Мануел Нојер.
Баерн поведе многу рано со автогол на Килијан Фишер, но Волците брзо возвратија преку Џенан Пејчиновиќ, талентиран 20-годишен германски фудбалер по потекло од Црна Гора.
По половина час игра, Луис Дијаз, на асистенција на Олисе, повторно го доведе домашниот тим во водство, а во второто полувреме, баварската машина едноставно ги здроби гостите, Мајкл Олисе (двапати), уште еден автогол (Мориц Јенц), Рафаел Гереро, Хари Кејн и Леон Горецка донесоа повеќе од убедлив триумф.
Со оваа победа, Баерн ја зголеми својата предност на табелата, откако второпласираната Борусија Дортмунд освои само бод во Франкфурт против Ајнтрахт во петокот (3:3), додека Баер Леверкузен беше неочекувано убедливо поразен пред своите навивачи против Штутгарт (1:4).
Баварците сега имаат 44 бода, 11 повеќе од тимот од Дортмунд на второто место на табелата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Брајтон го елиминира Манчестер Јунајтед од ФА купот
Манчестер Јунајтед нема победа од натпреварот со Њукасл на крајот од 2025 година. Рубен Аморим беше отпуштен од менаџерската позиција, но тоа не ги смени работите на „Олд Трафпрд“.
Под водство на привремениот менаџер, Дарен Флечер, одиграа нерешено 2:2 во Барнли, кај претпоследниот тим во Премиер лигата, а вечерва „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од ФА Купот.
Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши со резултат 1:2 (0:1), што значи дека Брајтон се пласира во четвртото коло од најстарото фудбалско натпреварување во светот.
Несомнено е дека играч на натпреваротбеше Брајан Груда. 21-годишникот му донесе водство на Брајтон во 12-та, а учествуваше и во решавачкиот гол, бидејќи му асистираше на 35-годишниот Дани Велбек, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.
Бенјамин Шешко по корнерот што го изведе Португалецот Бруно Фернандеш во 85-тата минута само успеа да го намали резултатот.
Наредната сабота, Јунајтед во дербито ќе го пречека Манчестер Сити.
Спорт
(Видео) Нкунку спречи пораз на Милан во Фиренца
Фиорентина и Милан одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 20-то коло на Серија А.
Милан против „виолетовите“, исто како и против Џенова во претходната рунда, успеа да се спаси од пораз во финишот на мечот. На „Артемио Франки“, екипата од Милано имаше и сојузник во пречата, тука заврши обидот на Брешанини в 94-та минута.
Во првото полувреме, кое заврши без голови, Милан, кој го започна натпреварот без Рабио и Леао, не беше подобар ривал, но имаше три големи шанси за водство. Два пати Пулишиќ беше сам пред Де Хеа, а еднаш се обиде Габија.
Во судиското продолжение, Фиорентина остана без тренер, бидејќи Паоло Ваноли доби директен црвен картон.
Домашниот тим во второто полувреме целосно ги надигра Росонерите. Офанзивата им донесе резултата на „виолетовите“ во 66-тата минута, кога Комуцо погоди за 1:0.
Бод, Милан освои со голот на Нкунку во 90-та минута.
Foto/ EPA

