Скопје
Без струја делови од општините Карпош, Кисела Вода и Аеродром
„ЕВН Македонија“ АД известува дека денеска, без електрична енергија, ќе останат делови од општините Карпош, Кисела Вода и Аеродром.
Во периодот од 9 до 11 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата Милан Марковиќ, како и дел од корисниците од улицата Миле Поп Јорданов од општина Карпош.
Без струја во периодот од 9 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата Лондонска бр. 4 – влез 1 – зградата на БИСИ во општина Карпош, а во периодот од 9 до 14 часот корисниците од улицата Јустинијан Први, лоцирани на излезот кон селото Студеничани во општина Кисела Вода.
Како што информира ЕВН, без електрична енергија во периодот од 9 до 15 часот, ќе останат корисниците од улицата Божин Николов-Силни, лоцирани на потегот од основното училиште до каналот во општина Аеродром, а во периодот од 12 до 14 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата Јуриј Гагарин бр. 17 – влез 1, улицата Васил Ѓоргов бр. 26 и бр. 47, како и објектите на Центарот за рехабилитација, дирекцијата „Бетон“ и старата амбуланта во општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

