Македонија
СДСМ: Мицкоски е анти-ЕУ, а ДПМНЕ е антизападна партија
„Факт е дека Христијан Мицкоски е анти-ЕУ политичар, а ДПМНЕ е антизападна партија. Мицкоски и ДПМНЕ без аргументи, го блокираат продолжувањето на европскиот пат на државата и членството во ЕУ“, соопшти СДСМ.
„ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за евроинтеграциите и правеше се за ја загрози европската иднина.
Мицкоски организира насилни протести против европскиот предлог, ширеше хистерија за наводна бугаризација и асимилација.
Од ДПМНЕ ширеа лаги дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС како прв договор потпишан на македонски јазик.
Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа ниту Преспанскиот Договор, ниту членството во НАТО. Мицкоски е единствениот политичар што не аплаудира на ратификацијата на членството во НАТО.
Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО, а денеска е главен кочничар на европската интеграција“, се додава во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

