Скопје
Без струја денеска дел од Карпош и Кисела Вода
„ЕВН Македонија“ известува дека денеска, без електрична енергија, ќе останат делови од општина Карпош и Кисела Вода.
– во периодот од 8 до 16 часот корисниците од дел од улица Франце Прешерн и улицата Драгутин Аврамовски-Гуте, општина Карпош;
– во периодот од 8.30 до 12 часот корисниците дел од корисниците на улицата Влае кај поранешна „Неуромедика“, општина Карпош;
– во периодот од 9 до 16 часот корисниците на булеварот Србија, општина Кисела Вода;
– во периодот од 9 до 16 часот корисниците на улицата Миле Поп Јорданов од бр. 31 до бр. 53 и од бр. 50 до бр. 70 во општина Карпош;
– во периодот од 11 до 14 часот корисниците на дел од улицата Каирска, Педагошкиот факултет и објектите околу Педагошкиот факултет, општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: На денешен ден Скопје ја дочека слободата, тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извести дека утрово ја одржал традиционалната средба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
„На денешен ден Скопје ја дочека слободата донесена од 42. и од 50. народноослободителна дивизија на македонската војска и од 16. македонска бригада по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор. Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.

