Црна хроника
Тешко повреден маж, со трактор излетал од патот во село Присојница
Вчера, во 17 часот, на крстосницата од локален со шумски пат во долнореканското село Присојница, трактор „тома винковиќ“, без регистарски ознаки, управуван од 65-годишниот З. Л. од ова село, излетал од патот, при што возачот добил тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Ростуше, од каде што бил префрлен во охридската болница „Свети Еразмо“, извести СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, двајца уапсени
Вчера во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.З.(29) и М.Н.(60), двајцата од Скопје.
По наредба на Основен кривичен суд Скопје извршени се претреси во нивните домови, при што во домот на Д.З. се пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и дигитална вага. Додека, од М.Н. е одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
(Фото) Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, уапсено едно лице
Вчера во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(47) од Штип. При преглед на неговата тезга на плоштад „Слобода“ во Штип, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 1340 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени уште 2993 парчиња различни пиротехнички средства.

Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.


фото: МВР
Црна хроника
(Видео) Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко
Денеска во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

