Македонија
Демократското движење: Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата
Младината на Демократското движење, денес, пред Министерството на образование и наука, на протест против промените во законот за субвенциониран оброк на студентите.
Министерството за образование и наука и Владата ни го ограничуваат користењето на ова преку диктат како во времето на комунизмот и континуирано нè срамат и си играат со нашата интелигенција, реагираат младите од Демократското движење.
„Ние, студентите, до крајност сме иритирани затоа што покрај малиот субвенциониран оброк, со кој можеме да си дозволиме само половина бургер во специјалните локали за храна, Владата сега ни го ограничува и неговото користење, така што, ова го оценуваме како срамно однесување кон нас, идните академски граѓани.
Со одлука на Министерството на образование и наука од оваа учебна година, на тие малкумина студенти што ја добиваат оваа субвенција им се наметнува обврската овие средства да ги трошат со диктат, од понеделник до сабота, и тоа 140 денари на ден, на специјални места за храна и без право на повлекување готови средства.
Ова го оценуваме како срамен чин бидејќи по скандалот на покачување на нивните плати, министерот за образование добива над 120 илјади денари месечно или над 6.000 денари дневен надоместок, а и тие 140 денари, кои ни ги доделува државата како милост, не спречува да ги трошиме каде сакаме и на што сакаме.
Бараме субвенционираниот оброк да се покачи на 300 денари, без рестрикции како тие ќе се потрошат, или 6.000 денари месечно, толку колку што министрите добиваат за еден работен ден“, велат од оваа партија.
„Ако Министерството за образование и наука имало средства да плати толку скапа апликација да нè контролира како ние го трошиме дневниот оброк, тогаш нека најдат средства со ребаланс на буџетот и да ни понудат студентски оброк во вредност од 300 денари на ден за сите студенти без селектирање и да ги тргнат прстите од нашата скромна чинија“, велат младите од Демократското движење.
Апелираат владините мерки да ги мотивираат студентите да останат во државата и да не одобруваат мерки што ги поттикнуваат младите да си заминуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник.
Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал.
Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино.
Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побара од судот мерките да се заменат со ефективен притвор, особено бидејќи прибраните докази до овој момент упатуваат на сомненија за тешко кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Македонија
Минчев: Градиме координиран и професионален инспекциски систем во служба на граѓаните
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес претседаваше со првата конститутивна седница на Колегиумот на директори на државните инспекциски служби, при што Министерството за јавна администрација ја исполни законската обврска за одржување на оваа седница, но и постави основа за поефикасна, посистемска и усогласена соработка меѓу сите инспекциски органи во државата.
Целта на Колегиумот не е само формална координација, туку суштинско унапредување на размената на информации и добри практики, усогласување на инспекциските постапки, заедничко планирање на активности, како и навремено идентификување и надминување на системските предизвици.
„Очекувам овој Колегиум да прерасне во вистинска платформа за стратешки дијалог, каде што ќе се отвораат прашања од заеднички интерес, ќе се предлагаат конкретни решенија и ќе се градат политики кои ќе придонесат за поголема правна сигурност, подобра услуга кон граѓаните и стопанството и зголемена доверба во институциите“ – истакна министерот Минчев.
Министерството за јавна администрација, како што беше нагласено на седницата, ќе остане силен и активен партнер во процесот на реформирање на инспекцискиот систем, со јасна заложба за професионализација на инспекциските служби, унапредување на институционалните капацитети, дигитализација на процесите и доследна примена на законските решенија.
Министерот посочи дека новиот Закон за инспекциски надзор става посебен акцент на планирањето како темел на квалитетен, ефикасен и предвидлив инспекциски надзор.
„Овој закон не претставува само формална нормативна рамка, туку суштинска реформска алатка која поставува нови стандарди на професионалност, одговорност и координација во работењето на инспекциските служби“ – нагласи Минчев.
Македонија
Одговорноста е твоја најголема добивка – Mozzart ја продолжува својата кампања за одговорно кладење
Mozzart ја продолжува својата кампања за одговорно кладење – затоа што вистинската победа не е во бројките, туку во контролата.
Секој ден носи избори. Некои се мали, некои големи – но сите имаат последици. Кога играме одговорно, ја чуваме радоста и довербата на оние што нè сакаат. Одговорната игра е знак на зрелост и почит – кон себе, семејството и заедницата.
„Во спортот, како и во животот, дисциплината носи резултати. Но без одговорност, секој успех е залуден. Одговорноста е привилегија што нè прави победници – не само на теренот, туку и во животот. Постави мерка, почитувај ја и играј одговорно,“ порача познатиот водител Димитар Атанасовски во рекламата на Mozzart.
Забавата е убава само кога има граници – затоа што границите нè штитат.
Пораки од кампањата:
– Одговорноста е твоја најголема добивка.
– Забавата има смисла само кога ја контролираш.
– Постави лимит и држи се до него – тоа е твојата победа.
– Не дозволувај играта да стане товар – задржи ја како радост.
Со оваа иницијатива, Mozzart уште еднаш ја покажува својата општествена одговорност и посветеност кон создавање безбедна средина за сите играчи. Целта е јасна: култура на свесно и безбедно обложување, каде секој знае дека вистинската победа е во контролата, а не во ризикот.
ИНФОРМИРАЈ СЕ во новиот водич на Mozzart. Одговорноста е привилегија. Играј одговорно Mozzart.
ПР

