Спорт
Арсенал се распрашува за фудбалер на Манчестер сити
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/Kalvin-Phillips-Manchester-City.jpg)
Арсенал сака дополнтелно да го засили средниот ред во јануарскиот преоден рок. Менаџерот Микел Артета сака да го види во својот тим фудбалерот на Манчестер сити, Калвин Филипс.
27. годишниот Англичанецот сезонава одигра само 167 минути во тимот на Пеп Гвардиола, а моментално с наоѓа на листата на фудбалери кои можат да заминат на позајмица.
И покрај тоа што станува збор за директни конкуренти, оваа зделка може да се случи, ако се знае дека и минатото лето Сити на Арсенал му ги продаде Габриел Жесус и Олександер Зинченко.
По неколку одлични сезони во Лидс, Филипс минатото лето беше купен од Сити за 49 милиони евра. Сепак, играчот од средниот ред не успеа да се наметне во тимот на Пеп Гвардиола, за кој настапи на само 26 натпревари, од кои само пет како стартер.
Калвин Филипс има договор со Манчестер сити до летото 2028 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(ВИДЕО) Германците се пласираа во четвртфиналето, откако ја совладаа Данска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/germ-1.jpg)
Фудбалерите на Германија ја совладаа Данска и се пласираа во четвртфиналето.
Овој натпревар дефинитивно го одбележа пред се силен дожд, грмежи, гром кој удри во близина на стадионот поради што натпреварот беше прекинат, а првото полувреме траеше час и 16 минути.
Што се однесува до фудбалот во првото полувреме, темпото на моменти беше исклучително високо, а играта динамична и интересна, особено кога Германците доминираа.
А во овој натпревар, го оправдаа она што се очекуваше од нив.
Тие веќе постигнаа гол во четвртата минута, кој беше поништен поради прекршок во нападот. Каспер Шмајхел шест пати мораше да ги одбрани Данците, а по ударот на Кимичо беше опасно бидејќи ударот беше силен и прецизен.
Најдобриот напад на Данците беше на крајот од првото полувреме кога Хојлунд имаше ситуација 1 на 1 со Мануел Нојер и не успеа да го матира, па резултатот остана 0:0.
Во вториот дел видовме поголема драма и возбуда.
Германските фудбалери рутински ја совладаа Данска со 2:0 во осминафиналето на Европското првенство
Спорт
Златното момче со најскап трансфер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/lamal.jpg)
Ламине Јамал, десното крило на Шпанија и Барселона, по одличната сезона за клубот се истакна и за националниот тим на ЕУРО 2024.
Каталонскиот Мундо Депортиво на својата насловна страница открива дека неговиот клуб среде ЕП во Германија одбил понуда од 250 милиони евра за продажба на Ламине. Изворот наведува дека понудата била испратена од ПСЖ, но Барселона ја одбила сумата што би можела да го направи најскапиот фудбалер тинејџер во историјата.
Жоан Лапорта во март откри дека добил и одбил понуда од 200 милиони евра за феноменот од неименуван клуб.
Уште тогаш шпанските медиуми пишуваа дека е испратена од ПСЖ.
Интересно, најскапиот трансфер во историјата е оној од Барселона во ПСЖ во 2017. Тогаш Нејмар направи трансфер за 222 милиони евра.
Барселона мораше да го пушти бидејќи неговата откупна клаузула беше многу висока. Клаузулата на Јамал изнесува една милијарда евра.
Спорт
Резултатот, не е разочарувачки
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/SPALETI.jpg)
Во првиот натпревар од нокаут фазата Италијанците загубија од Швајцарија со 2:0 и останаа без можност да ја одбранат титулата освоена пред три години.
За Спалети исто како и за Пикси, резултатот не е разочарувачки.
„Тој гол на почетокот на вториот дел ни ги отсече нозете. Разликата ја направи темпото, тие беа многу побрзи од нас.
Не можеме повеќе од ова, на ова ЕП не дојдовме во најдобра кондиција“, изјави Спалети.
„Што се однесува до одговорноста, таа секогаш е на тренерот. Јас бирав. Гравина секогаш ме третираше како сериозен професионалец и ќе видиме што ќе каже“.
Морам да сменам нешто, но мислам сепак ова не е толку лош резултат.
Поминавме низ тешка група, ова се нашите можности.
Темпото на игра пресуди во корист на Швајцарија, изјави Спалети.