Спорт
Фудбалерите на Ал Хилал добија наредба да го напуштат Иран
Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија им нареди на своите клубови да го напуштат Иран.
Натпреварот од Лигата на шампионите во Азија помеѓу Сепахан и Ал Итихад пред 60.000 луѓе е откажан, а Насаји Мандаран и Ал-Хилал се чини дека нема да го одиграат натпреварот кој на програмата е денеска во 18 часот.
Најголема ѕвезда во тимот на За Ал Хилал е Бразилецот Нејмар.
Да потсетиме, фудбалерите на Ал Итихад не сакаа да излезат на теренот поради присуството на статуата на иранскиот генерал Касем Сулејмани на стадионот. Саудиска Арабија го смета Сулејмани за терорист.
Присутни се тензиите меѓу двете земји, а од 2016 година клубовите од Саудиска Арабија и Иран меѓусебните натпревари ги играат на неутрален терен.
Инаку, Ал Наср на Кристијано Роналдо беше првата саудиска екипа која оваа сезона играше во Иран, во Техеран и го совлада Персеполис во натпреварот од Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Палмер шоу на „Стенфорд Бриџ“ – Челси го победи Брајтон
Челси го победи Брајтон со 4:2 во шестото коло во Премиер лигата. Челси ја забележа првата победа дома во новата сезона, а Брајтон прв пат е поразен како гостин во сезоната 2024/2025. Двата тима одиграа едно од најдобрите полувремиња во последните 15 години во Премиер лигата. Полувремето го обележа Кол Палмер.
Палмер стана првиот играч во историјата кој постигнал четири гола во првото полувреме во натпревар од Премиер лигата.
Фудбалерот на Челси во интервал од 20 минути четири пати го совлада голманот на Брајтон.
Првиот гол го постигна во 21. минута кога ја искористи несебична асистенција на Николас Џексон. Во тој монент го изедначи резултатот, откако Брајтон дојде до предност со голот на Рутер во седмата минута.
Во 27-та погоди од пенал, а во 31-та изведе перфектен слободен удар од 27 метри за 3:1.
Брајтон накратко се врати преку Балеба во 34. минута, а потоа во 41. по асистенцијата на Санчо, Палмер од левата страна го погоди поблискиот гол за 4:2.
Челси со оваа победа „скокна“ на третото место на табелата со бод помалку од лидерот Манчестер сити.
Резултати:
Арсенал-Лестер 4:2
Нотингем Форест-Фулам 0:1
Брентфорд-Вест Хем 1:1
Евертон-Кристал Палас 2:1
Спорт
ФИФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, доби суспензија од ФИФА на два натпревари поради повеќекратно неспортско однесување по натпреварите.
Суспензијата значи дека тој нема да може да и помогне на својата репрезентација во квалификациите за Светското првенство против Венецуела и Боливија во октомври.
ФИФА го суспендираше Мартинез на два натпревари поради непристојни гестови и удирање на ТВ камера.
„Дисциплинската комисија на ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез на два натпревари поради прекршување на член 13 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА (навредливо однесување и кршење на принципите на фер-плеј) за време на натпреварите Аргентина – Чиле на 5 септември и Аргентина – Колумбија на 10 септември“, пишува во соопштението на ФИФА.
32-годишниот голман на Астон Вила го привлече вниманието со своето однесување по финалето на Светското првенство во Катар, кога пред камера го држеше трофејот меѓу нозете, диво гестикулирајќи.
Сето тоа го направи повторно на крајот од натпреварот против Чиле, кога стави реплика на трофејот од Копа Америка меѓу нозете на истиот дрзок начин како што го направи по финалето против Франција на Светското првенство во 2022 година.
По мечот со Колумбија тој жестоко ја удри ТВ камерата која го следеше на теренот.
Спорт
(Видео) Хаос во Колумбија. Десетици избодени, хулиганите ги фрала од трибините
Големото дерби од 10. коло на колумбискиот шампионат меѓу Атлетико Национал и Атлетико Јуниор е прекинато во 55. минута од натпреварот по целосен хаос на трибините на стадионот во Меделин. Атлетико Насионал водеше со 2:0, а по вториот гол гостинските навивачи почнаа да ги напаѓаат гледачите, но и играчите.
TESTIMONIO 😰😱 | El fotógrafo del periódico El Tiempo, Jaiver Nieto, dejó saber el testimonio de lo que pasó en el estudio Atanasio Girardot.
“Con el segundo gol de Nacional empezaron a agredir los hinchas de Junior a los de Nacional en la tribuna norte, y ahí ya empezaron las… pic.twitter.com/k9QwroP6Jv
— NOTICIAS DEL VERDE (@NOTICIASDEVERDE) September 27, 2024
На видеата кои кружат на „Х “(поранешен Твитер) може да се види како еден од домашните играчи е погоден со нож во главата, но за среќа со рачката. Кога го видоа тоа, ултрасите на Национал се втурнаа преку овалната трибина кон гостинските навивачи и тогаш настана целосен хаос.
Se conocen más imágenes de la violencia que se vivió entre barras del junior de Barranquilla y Atlético Nacional
¿Dónde están los controles al ingreso de armas blancas? pic.twitter.com/GRB23zxG4W
— ENTÉRATE 📢 (@enterate_0812) September 27, 2024
Навивачите на Национал фрлија неколку навивачи на Јуниор на долната трибина, а дел од нив бегајќи од противниците и самите скокнаа на долната трибина каде што домашните навивачи потоа ги претепаа.
No sé ustedes pero no se ven jugadores del Atlético Nacional ayudando a rescatar a los heridos de esa turba que golpeaba sin misericordia a los hinchas visitantes,solo se ven jugadores del Junior de Barranquilla. pic.twitter.com/PCuxGBX2OS
— William Figueroa (Locura Tiburona) Maptv 10⭐ (@LTiburona) September 27, 2024
Набрзо, десетици навивачи се најдоа на тревникот, а дел од гостинските навивачи мораа да бидат спасени од бруталните тепања на фудбалерите. На едно видео се гледаат двајца играчи како носат еден од своите навивачи подалеку од толпата гневни хулигани.
Esto sucedió en el partido Atlético Nacional vs Junior de Barranquilla ¿por qué llegan a esto? El fútbol es para disfrutarlo, Dios los proteja a todos los hinchas pic.twitter.com/WEQ8SBsT2o
— Vales Copa (@ValesCopa) September 27, 2024