Свет
Русија изврши масовен напад врз Украина: уништени 29 дрона и крстостувачка ракета, теророт траел три часа
Во Украина се уништени 29 од вкупно 31 руски беспилотни летала и една крстосувачка ракета, од кои повеќето биле насочени кон регионите Миколаев и Днепропетровск, соопшти украинската војска.
Нападите траеле повеќе од три часа во текот на ноќта во бранови, според јужната команда на украинските сили, пренесува „Ројтерс“.
Делови од погодениот авион што падна во градот Днипро на југоисточниот дел на земјата предизвикаа пожар во приватна компанија, кој бргу беше изгаснат, изјави гувернерот на регионот Днепропетровск, Сергеј Лисак.
Оштетувањето на производствените капацитети во индустриското претпријатие во Павлоград доведе до пожар, кој исто така беше изгаснат, додаде Лисак во објава на „Телеграм“.
Над јужниот регион Миколаев уништени се 16 дрона, објави гувернерот Виталиј Ким.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.