Спорт
Росел: Флорентино Перез со години купува судии и сите молчат
Поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел, тврди дека обвинението против каталонскиот клуб е во аферата „Негреира“, во која тие се обвинети дека платиле за советите на главниот судија Хозе Марија Енрикез Негреира, кој им ги олеснил подготовките за натпревари е обична фарса.
Поранешниот прв човек на каталонскиот гигант истакнува дека направиле се што прават другите клубови и му платиле на Негреира за извештаи, но не во контекстот во кој се прикажува комплетната ситуација.
„Ние му плативме на Негреира за извештаите и за тајноста на тие документи. Тоа го прави секој клуб и тоа е нормално. Дали тоа имаше некакво влијание врз судиите? Немаше. Не обвинуваат без никакви докази, проверија се и не открија ништо“, вели Росел и продолжува:
„Веќе не прогласија за виновни и не обвинуваат без никакви докази. На секои четири или пет години наоѓаат нешто за што да ја обвинат Барселона. Прво беше Ла Масија, потоа Негреира и за неколку години ќе има нешто ново“.
„Велат сме му платиле седум милиони евра, но за колку години? Ако го пресметаме просекот е 4.000 евра за секој извештај. Со колку пари го купивме тогаш? За 200 евра? Сè во фудбалот е скапо, а дадовме 4.000 евра за некој да не заштити од жолти картони или пенали?Смешно“, порача Росел.
На оваа тема се огласи и поранешниот полициски комесар Хозе Мануел Виљарехо и жестоко го обвини претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез.
„Флорентино Перез купуваше судии и пред Барселона да го направи тоа. Сепак, ништо не се случи бидејќи е недопирлив. Никој не се осмелува да го обвини бидејќи сепак тоа е Флорентино Перез”, изјави Виљарехо.
Случајот против Барселона е во тек пред каталонскиот суд. Има многу сведоци кои ќе бидат сослушани во овој случај и ќе видиме дали Барса ќе биде казнета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конор Галагер во Тотенхем
Конор Галагер го официјализира трансферот од Атлетико Мадрид во Тотенхем. Со клубот од Лондон тој потпиша пет ипол годишен договор.
Галагер пред 18 месеци пристигна од Челзи за во Атлетико за 42 милиони евра. „Јорганџиите“ успеаја да ги вратат сите пари што ги вложија во него, откако Тотенхем се согласи да плати 40 милиони евра.
Галагер играше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата. Тој одигра 77 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и постигна седум гола.
Тотенхем го донесе откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.
„Среќен сум и возбуден што сум тука, што го правам следниот чекор во мојата кариера во неверојатен клуб. Знам колку се одлични навивачите и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, сакам заедно да создаваме посебни моменти и спомени“, рече Галагер.
Досега, тој одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Англија, но играше само еднаш за тренерот Томас Тухел.
Спорт
(Видео) Мане повторно подобар од Салах – Сенегал ќе се бори за трофејот на Африканскиот куп
Сенегал го победи Египет со 1:0 и се пласира во финалето на Африканскиот куп на нации. За втората титула во историјата на земјата Сенегал ќе игра против победникот од натпреварот Мароко-Нигерија.
Сенеглаците заслужено ќе се борат за трофејот на Африканскиот куп, откако го надиграа Египет во првото полуфинале. Египет, излезе со јасна цел, да го одбрани својот гол, колку беа инфериорни Египѓаните говори и податокот дека во првите 70 минути не упатија ниту еден удар во хголот на противникот.
Сенегал го контролирае поседот, константно се обидуваше да нападне, а наградата за таквиот пристап дојде во 78-та минута, кога Садио Мане прецизно шутираше од 20 метри и го совлада Ел Шарави.
Foto/ EPA
Спорт
Заедно за Македонија! Почнува ЕУРО 2026 – да навиваме како едно срце!
Утре во Шведска започнува едно од најголемите спортски случувања во Европа – Европското првенство во ракомет ЕУРО 2026, а македонската ракометна репрезентација повторно излегува на терен со срце, борбеност и гордост да ја претставува Македонија.
Како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, компанијата Гранд Ауто, заедно со брендот CHERY – официјален партнер, упатуваат силен и гласен повик до сите навивачи:
Да бидеме заедно, да навиваме гласно и да ја испратиме нашата енергија до Шведска!
Репрезентацијата секогаш црпела сила од поддршката на навивачите, а сега, повеќе од кога било, е време да покажеме дека Македонија знае да стои зад своите херои – без разлика каде играат.
🎉 Навивај и добиј!
За да ја засилиме навивачката енергија и да ја споделиме радоста со фановите, CHERY подготви специјални подароци:
🎽 оригинални и потпишани дресови од македонската репрезентација
🤾♂️ официјални ракометни топки
Овие подароци се симбол на заедништвото, страста и вербата во нови победи на ЕУРО 2026 а ќе се делат преку официјалните канали на социјалните мрежи на CHERY:
Да навиваме со срце, да бодриме со гордост и да покажеме дека кога Македонија игра – сите сме на теренот!
Со среќа, момци!
Македонија е со вас!
ПР

