Контакт

Свет

(Видео) Тинејџер уби три лица во луксузен трговски центар во Бангкок

Објавено пред

14-годишен тинејџер е уапсен во главниот град на Тајланд по пукање во луксузен трговски центар, соопшти полицијата. Како што јави „Би-би-си њуз“, повикувајќи се на полицијата во Бангкок, тинејџер пукал од пиштол и убил три лица, а ранил четворица.

dobivaj vesti na viber

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат како купувачите бегаат од трговскиот центар, кој беше затворен веднаш по известувањето за нападот, како и од блиската станица на метрото.

На едно видео луѓето се кријат во затемнета просторија во ресторанот. „Ројтерс“ не можеше веднаш да ги потврди извештаите или автентичноста на видеото. Локалниот телевизиски канал „Канал 3“ објави дека од тоалетите во трговскиот центар се слушаат звуци слични на истрели.

Премиерот Срета Тависин им рече на новинарите дека чека детали за инцидентот. Портпаролот на полицијата, Ачајон Краитонг, изјави дека началникот на националната полиција испратил полицајци да ја контролираат областа.

Вооруженото насилство е вообичаено на Тајланд. Поранешен полицаец уби 22 деца во градинка минатата година, а војник уби најмалку 29 луѓе и рани 57 во 2020 година во напад што се случи на четири локации во и околу североисточниот град Након Рачасима.

Свет

Ураганот Хелена опустоши делови од Америка: една од најсмртоносните бури однесе најмалку 160 животи

Објавено пред

Ураганот Хелена стана вториот најсмртоносниот ураган во САД во последните 55 години со број на загинати над 160, објави „Фокс њуз“.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 160 луѓе загинаа во шест држави – Флорида, Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина, Вирџинија и Тенеси.

Стотици луѓе сè уште се водат за исчезнати по ураганот поради прекини на струјата и тешкотии во комуникацијата.

Тешко погодените региони, вклучително и делови од западна Северна Каролина, добиваат помош од разни држави, а екипите за итни случаи продолжуваат да се обидуваат да стигнат до изолираните заедници уништени од поплавите.

Сцените од малите градови, како што се Чимни Рок, Свананоа и селото Билтмор, ги прикажуваат опустошените делови од регионот.

Според гореспоменатата медиумска компанија, првиот најсмртоносниот ураган што ги погодил САД бил ураганот Катрина во 2005 година, кој бил дури и поголем од ураганот Камил, кој го погоди брегот на Мексиканскиот Залив во август 1969 година.

Бајден најави дека денеска ќе отпатува во Ешвил, Северна Каролина, а треба да ги посети и Флорида и Џорџија.

Прикажи повеќе...

Свет

Три лица уапсени по експлозиите во близина на израелската амбасада во Данска

Објавено пред

Полицијата уапсила тројца мажи, наводно поврзани со две експлозии што утринава се случиле во близина на израелската амбасада северно од Копенхаген, пишува „Њујорк тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Двајца од мажите се уапсени на централната станица во Копенхаген, а третиот на друго место во градот, се вели во соопштението на полицијата. Не се соопштуваат повеќе детали за осомничените.

Експлозиите, кои се случиле околу 3.20 часот, според полицискиот оддел во Копенхаген, биле пријавени во Хелеруп, приморско предградие северно од Копенхаген, каде што се сместени неколку амбасади.

Мајкл Рахлин, портпарол на еврејската заедница во Данска, рече дека единственото еврејско училиште во Копенхаген е затворено бидејќи се наоѓало во близина на областа.

Експлозиите се случија еден ден откога полицијата во Стокхолм соопшти дека таму имало пукање во израелската амбасада. Полицијата во Шведска го истражува наводното пукање, но соопшти дека никој не е повреден.

Прикажи повеќе...

Свет

На Гутереш му е забрането да стапне во Израел: шефот на дипломатијата го прогласи персона нон грата

Објавено пред

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, денеска изјави дека му забранува влез во земјата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, бидејќи не го осудил недвосмислено иранскиот ракетен напад врз Израел.

dobivaj vesti na viber

„Секој што не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, рече Кац, пренесе „Ројтерс“. Кац додаде дека Израел ќе продолжи да ги брани своите граѓани и да го штити своето национално достоинство, со или без Антонио Гутереш.

Бидејќи не зборуваше против Иран, Гутереш е непожелна личност во Израел, заклучи израелскиот министер. Иран вчера лансира повеќе од 180 балистички проектили врз Израел додека ескалираа судирите меѓу Израел и либанската група Хезболах, поддржана од Иран.

По нападот, Гутереш даде куса изјава, во која зборува само за најновите напади на Блискиот Исток и го осуди конфликтот што ескалира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Борис Кондарко повторно избран за претседател на ДИК

На денешната седница Собранието донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во...

Македонија4 часа

Ќе се забрани пристапот до 100 странски онлајн-коцкарници што се користат кај нас, Андоновски алармира дека се вклучени малолетници  

По згаснувањето на домашните онлајн-коцкарници, кои нелегално приредуваа игри на среќа, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека ќе...

Македонија4 часа

(Видео) Пожар во зграда во Чаир, станарите евакуирани, неколкумина побарале лекарска помош оти вдишиле чад

Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош...

Македонија7 часа

Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во...

Македонија7 часа

Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно...

Свет8 часа

(Видео) Тројно се зголеми бројот на загинати во Северна Каролина по ураганот Хелен: „Видовме тела како висат на дрвјата“

Бројот на жртвите на ураганот Хелен во шест американски држави се искачи на над 160, а милиони луѓе останаа без...

Македонија8 часа

„Вреди“: Елми Азири подготвен да ја потоне ДУИ

„Елми Азири, пратеник од таканаречениот Европски фронт, во телевизиска изјава јавно призна дека учествувал на состанокот одржан во собраниска канцеларијата...

Свет9 часа

Најмалку 162 изгубени животи: Хелен и официјално е вториот најсмртоносен ураган во САД

Разорниот ураган Хелен однесе најмалку 162 животи, јавуваат американските медиуми. Според информации, црниот биланс е забележан во шест земји. Ураганот...

Свет10 часа

Иран: Ова беше самоодбрана, доколку Израел не возврати, акцијата е завршена

Иранската воена акција против Израел заврши, се вели во изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Во објавата...

Свет10 часа

(Видео) Моментот кога огромен број ракети се појавија над Тел Авив и Ерусалим

Иран вчера попладне лансираше стотици ракети кон Израел. Според Израел, биле истрелани речиси 200 ракети. Ракетите се појавија над Израел...

Свет10 часа

Нетанјаху: Иран направи голема грешка, ќе плати

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Иран ќе се соочи со последици за неговиот напад ноќеска. „Иран направи голема грешка...

Свет20 часа

Истрелани се околу 180 проектили од кои повеќето се пресретнати, тврди израелската армија

Израелската војска соопшти дека идентификувала околу 180 проектили истрелани кон Израел од Иран. Претставник на израелската безбедност, исто така, рече...

Свет21 час

Иранската револуционерна гарда: Овој напад е одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападот врз Израел бил одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах. Лидерот на...

Свет22 часа

(Видео) Израелската армија: Иран истрела ракети кон Израел

Израелската војска соопшти дека ракети биле истрелани од Иран кон Израел. Сирените се огласија низ Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ)...

Топ1 ден

На Клиника починала 67-годишна жена од Кумановско

Денеска (01.10.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив...

Македонија1 ден

Филипче: Безбедноста на граѓаните загрозена во 100 дена власт на Мицкоски

Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од...

Македонија1 ден

Ѝ се заканувал со убиство на уставна судијка преку социјалните мрежи: Обвинителството предлага условна осуда за скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за издавање казнен налог против едно...

Македонија1 ден

Минималната плата не стана 450 евра; Трендафилов: Утре ќе биде 101. ден од новата Влада и ништо нема да биде сменето   

Владата на Христијан Мицкоски не го исполни барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од мај годинава – покачувањето на...

Македонија1 ден

Мицкоски за 100 дена Влада: Нема да направиме ниту една отстапка што ќе значи дополнителен срам и понижување на граѓаните

Оваа влада нема да направи ништо спортивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните. Нема никогаш да направи ниту...

Економија1 ден

Трајкоска за 100 дена Влада: Имавме многу високи очекувања, не добивме ништо, немаме информација како парите од кредитот ќе одат за бизнисот

Работодавците немаат никаква конкретна информација на кој начин половина од парите од најавениот унгарски кредит ќе одат за бизнисот. Претседателката...