Свет
(Видео) Го посвоила мислејќи дека е маче: Викторија од Русија одгледува црн пантер
 
																								
												
												
											Викторија, девојка од Русија, посвоила мало црно маче, кое го нашла покрај патот, за неколку недели подоцна да сфати дека нејзиното ново милениче е пантер.
Пантерката Луна е родена во патувачка зоолошка градина во Сибир пред да биде целосно напуштена од мајка си.
Без млекото и грижата што му беше потребно на едно бебе пантер, шансите да преживее беа мали, објаснува девојката.
Кога Викторија ја пронашла, била убедена дека се работи за обична црна мачка.
„На Луна ѝ беше даден посебен микс од витамини и исхрана за да се компензира недостигот на млеко. И тогаш почна да расте. И растеше. И растеше“.
Неколку недели подоцна, Викторија сфатила дека одгледува пантерка, но веќе било доцна.
Сопственичката и нејзиниот необичен миленик биле веќе приврзани еден за друг, а ротвајлерот на Викторија, Венца, исто така ѝ се допаднал на Луна.
Викторија го одгледува веќе две години и на социјалните мрежи објавува моменти од животот со пантерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Свет
Европската Комисија: Новите тестови на оружје на Русија не се чекори во вистинската насока
 
														Тестирањето на ракетата „Буревестник“ и торпедото „Посејдон“ од страна на Русија не е чекор во вистинската насока, изјави портпаролката на Комисијата, Анита Хипер.
„Ако тие навистина се нуклеарни, тие би можеле да шират радиоактивни супстанции“, додаде таа.
„Ова уште еднаш покажува дека наместо да избере мир, Русија продолжува со ескалацијата со својата реторика и дејствија“, додаде Хипер.
На прашањето дали овие обиди се закана за Европа, таа одговори дека Русија воопшто е закана за европската безбедност.
На прашањето за најавената намера на американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со нуклеарните тестирања, што не е направено од 1990-тите, таа рече дека досега не е откриен таков обид од страна на САД и дека двете земји не треба да се изедначуваат.
Свет
„Фајненшл тајмс“: По напнат телефонски разговор бил одложен состанокот помеѓу Трамп и Путин
 
														САД го откажаа планираниот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин поради цврстиот став на Москва за условите околу Украина, објави „Фајненшел тајмс“.
Одлуката уследила по напнат телефонски разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по кој Рубио го информирал Трамп дека Русија не покажува подготвеност за преговори.
Самитот требаше да се одржи во Будимпешта, но Москва инсистирала на барања кои вклучуваат територијални отстапки од Украина, намалување на украинската војска и гаранции дека земјата никогаш нема да се приклучи на НАТО.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Киев е подготвен за мировни разговори, но нема да ги повлече трупите од дополнително ослободените територии, како што бара Москва
Европа
Автомобил експлодираше во Русија: загина офицер од единицата што го изврши масакрот во Буча
 
														Во експлозија на автомобил во регионот Кемерово во Русија загина рускиот полициски потполковник Венијамин Мажерин, член на единица поврзана со воени злосторства извршени во близина на Киев во 2022 година. Украинската служба за одбрана и разузнавање (ХУР) ја презеде одговорноста за неговото убиство, која објави и видео од запаленото возило.
Според соопштението на ХУР, Мажерин, роден во 1980 година, бил зад воланот кога експлодирало неговото возило. Тој служел во специјалната единица ОМОН „Оберег“, која е дел од Росгвардија (Национална гарда) на Русија за регионот Кемерово.
Разузнавачката агенција вели дека „Оберег“ е една од неколкуте единици на Росгвардија поврзани со злосторства извршени во регионот Киев за време на неуспешната офанзива на Русија врз украинскиот главен град во февруари и март 2022 година.
Во тој период, руските сили окупираа бројни градови и места, вклучувајќи ги Буча, Ирпин и Хостомел, оставајќи зад себе ужасни сцени по нивното повлекување.
Откако руските трупи се повлекоа кон крајот на март и почетокот на април 2022 година, украинските власти и меѓународните набљудувачи документираа докази за систематски воени злосторства против цивили. Според украинската национална полиција и Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права, повеќе од 1.000 цивилни тела се пронајдени во регионот на Киев, од кои околу 450 само во Буча.
Украинските и меѓународните истражители известија дека многу од жртвите имале знаци на егзекуции по кратка постапка, тортура и убивање. Телата биле пронајдени со врзани раце, со прострелни рани од блиску и со докази за тешка физичка злоупотреба.
фото: принтскрин


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											