Соопштенија
Попусти, шопинг, концерт, забава – Skopje City Mall слави 11!
 
																								
												
												
											Време е за нова роденденска дружба, големи попусти, добра забава, многу награди проследени со супер атмосфера во Skopje City Mall за нашиот 11ти роденден!
Ви нудиме пријатно шопинг искуство, проследено со жешки попусти како и супер забава која ќе трае од 08 до 10 октомври.

Славиме роденден, а тоа значи…
Петок и сабота ќе ве забавуваат домашни бендови на платото кај паркот, Ди Џеј сетови низ молот, играње брејкденс, џинот и пантомимата се составен дел од нашиот роденденски репертоар, огнено шоу, бесплатен фотобут за вашето друштво, кои со сигурност ќе направат супер забава. Покрај забавниот дел имаме и gift card патрола која ќе ви поставува прашања, затоа спремете се добро. Доколку сте корисник на нашата апликација тогаш ве очекува и лов на поени за MojCityMall.
Да незаборавиме на супер интересните детски работилници со MonkDolls и Botanico!

Веќе стигнавме до сабота вечер каде на нашата катна гаража ви приредуваме концерт на ДНК отворен за сите посетители. Спремете и дојдете да ги пееме најголемите хитови на ДНК на 07.10.2023
Програмата на третиот ден од роденденската забава, што ќе се одржи во недела (08.10) е прилагодена првенствено за најмладите. Започнува со “Светот на Биби и Боби”, каде за прв пат до сега освен Биби ќе дојде и “Боби”, потоа танцуваме со Aqua Dance Club за на крај да се дружиме со “Стела и Сани”. После тоа брзаме внатре во мол на работилници со Мафини Слаткограм!

„ Согласно сите мерки за супер провод Ви нудиме врвна услуга, уникатно шопинг искуство, супер забава и имплементирање на светските модни трендови. Не заборавајте во сабота после шопинг се дружиме на ДНК концерт на катна гаража.“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.
Вратите за концертот на 07.10 се отвораат во 20:30 часот, додека концертот започнува во 21:30 часот. Во недела вратите се отвораат во 11:30, а програмата започнува во 12:00 и ќе трае до 15:00 часот.
Локацијата за одржување на сите концерти е кровот на Скопје Сити Мол, каде од безбедносни причини и за комфор на присутните, проектирано е да прими до 2500 посетители. Влезот на концертите е слободен. Откако капацитетот ќе се исполни, влезовите за концертите ќе бидат затворени, по што ќе продолжат да работат на принцип излез-влез поради одржување на бројката од 2500 луѓе .
.
Не заборавајте попустите ги објавуваме во четврток!
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Левичарите од „Али експрес“ си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат
 
														Левичарите од „Али експрес“, како Димче Апасиев и Амар Мециновиќ, па дури и целото раководство од президиумот, си измислуваат лажни приказни во кои само тие си веруваат и мислат дека и народот ќе им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако јавноста виде со какви луѓе располага Левицата, од типот на Амар Мециновиќ, човек што лаже дека е дипломиран, а има 7 предмети положено на факултетот на кој е запишан, човек што не знае колку јавни претпријатија има градот Скопје, човек што не знае колку средни училишта има во градот Скопје, човек што не си ги знае булеварите во градот ниту, пак, проектите што му се во програмата, посегна по глумење жртва и ширење лажни вести во медиумскиот простор.
Токму тие лажни вести, кои се обидуваат да ги шират во јавноста, в недела на 2 ноември ќе ги разбудат од овој нивен сон што го сонуваат. Реалноста е сосема поинаква од она што тие го живеат.
Затоа граѓаните својот глас ќе го дадат за вистинскиот избор, а тоа е Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ! Заокружете го бројот 9“.
Соопштенија
Герасимовски: Го санираме покривот на фискултурната сала на училиштето „Песталоци“, создаваме подобри услови за учениците
 
														Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, изврши увид во санацијата на покривот на фискултурната сала на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој зафат, како што најави, се решава долгогодишниот проблем со протекување на покривот, поради што во објектот имаше оштетувања и влага.
„Санацијата опфаќа површина од 405 квадратни метри. Поставена е висококвалитетна изолација , камена минерална волна, која е одличен термоизолатор и обезбедува високо ниво на заштита од пожар. Врз неа е поставен пластифициран ребрест лим, материјал со висока издржливост и отпорност, кој овозможува долговечна и енергетски ефикасна санација на покривот,“ рече Герасимовски.
Покривот врз спортската сала повеќе од една деценија не беше саниран, велат од општината.
„Со оваа интервенција Општина Центар обезбедува подобри услови за учениците и наставниците, но и долгорочна заштита на објектот,“ додаде Герасимовски.
Соопштенија
„Влен“: Секој обид да се поврзе кандидатот што го поддржуваме со каков било вид вештачка тензија е неточен
 
														Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села, велат од коалицијата ВЛЕН.
„Секој обид да се поврзе коалицијата ВЛЕН или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии? Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и ЛЕВИЦА, Арсим Далипи. Целата јавност знае дека соработката помеѓу НАИ и ЛЕВИЦА е очигледна, и во Тетово и во Струга. Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки“, се вели во соопштението.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											