Свет
Историска одлука: во Ватикан жените првпат гласаат на состанокот на Архијерејскиот синод

На жените ќе им биде дозволено да гласаат првпат на седницата на бискупскиот синод на Римокатоличката црква, што почнува во Рим.
Во април папата Франциско ги одобри измените на нормите, кои го регулираат Архијерејскиот синод, отворајќи го патот за жените да имаат 54 од вкупно 365 гласа.
„Ова е извонреден чекор напред за жените. Не само поради настаните од овој октомври во Рим, туку и поради тоа што црквата најде поинаков начин да биде црква“, изјави директорката на Светската женска опсерваторија, Марија Лиа Зервино.
На тринеделниот синод, кој ќе се одржи зад затворени врати, ќе учествуваат стотици делегати, кои ќе се осврнат на некои од најгорливите прашања со кои се соочува црквата – од улогата на жената до свештеничкиот целибат и благословот на геј-паровите.
Сесијата ќе заврши со гласање за конкретни предлози, кои потоа ќе му бидат претставени на папата на разгледување.
Наместо да се фокусира на една тема, како што е вообичаено, агендата за овој Синод ќе се однесува на широкото прашање како Римокатоличката црква може да биде поинклузивна.
Иако жените се од витално значење за голем дел од црковната работа, од настава во католичките училишта до персонал во католичките болници, црквата сè уште им забранува да станат свештеници или да достигнат највисоки чинови.
Папата Франциско презеде нови чекори за справување со оваа нерамнотежа назначувајќи неколку жени на високи позиции во Ватикан.
Сепак, одлуката да им се дозволи на жените да гласаат во Синодот предизвика негодување од конзервативните струи на Римокатоличката црква.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ од 2 милијарди долари

Полска и САД ќе потпишат договор за испорака на логистичка поддршка за системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари, изјави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косинска-Камиш.
„Безбедноста на полското небо е бесценета“, рече Косињак-Камиш, додавајќи дека ракетната одбрана и соработката со САД се приоритети за Полска.
Договорот со САД се однесува на обезбедување логистичка поддршка за системот Патриот и вклучува компоненти за техничка поддршка, како и обука на персоналот.
Свет
Најмалку 2.065 луѓе загинаа, 3.900 се повредени, повеќе од 270 исчезнати по земјотресот во Мјанмар

Најмалку 2.065 луѓе се убиени, повеќе од 3.900 се повредени, а повеќе од 270 се водат како исчезнати, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалната телевизија МРТВ.
Спасувачките тимови се обидуваат да пронајдат уште преживеани под урнатините на зградите во Мјанмар и Тајланд, а во заедничка петчасовна спасувачка операција спроведена од кинески, руски и локални тимови, една жена е спасена по 60 часа под урнатините на хотелот Great Wall во градот Мандалеј, јавува Ројтерс.
Обединетите нации соопштија дека брзаат да достават хуманитарна помош за околу 23.000 преживеани погодени од земјотресот во центарот на Мјанмар.
Кинеската новинска агенција Ксинхуа претходно денеска објави дека Пекинг ја испратил пратката за прва помош во Мјанмар во вредност од 100 милиони јуани (13,78 милиони долари), вклучувајќи шатори, ќебиња и комплети за прва помош.
Регион
Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.
Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.