Европа
Институтот за проучување на војната: Путин ја нападна Украина затоа што веруваше дека НАТО е слаб
Владимир Путин ја нападна Украина минатата година затоа што веруваше дека НАТО е слаб, според Институтот за проучување на војната.
Рускиот претседател веруваше дека инсталирањето проруска влада во Киев ќе биде безбедно и лесно. Неговата цел не беше да ја брани Русија од наводните закани, туку да ја прошири моќта на Русија, да ја искорени државноста на Украина и да го уништи НАТО, вели Институтот за проучување на војната додавајќи дека тоа се цели што тој сè уште ги следи.
До крајот на 2021 година се вели дека Путин се убедил оти Русија има можност безбедно да почне целосна инвазија на Украина за да постигне две цели. Тие требаше да воспостават руска контрола над Украина, без да се соочат со значителен отпор на Западот и да го нарушат единството на воениот сојуз, се додава во соопштението на Институтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русите ја уапсија својата поранешна мис на аеродром, се сомневаат дека шверцувала луксузен накит
Поранешната мис на Русија, Софија Никитчук, е уапсена на рускиот аеродром „Внуково“ поради сомнение дека шверцувала луксузна стока.
Како што соопшти Федералната царинска служба (ФЦС), младата жена долетала на „Внуково“ од Ница преку Истанбул бидејќи нема директни летови поради санкциите, а поминала низ зелениот коридор на аеродромот.
На царината пронашле златен часовник Patek Philippe, два прстена и синџирче од „Картие“. Според манекенката, таа не поднела изјава бидејќи сметала дека овие работи се личен багаж.
„Проверката покажа дека накитот е оригинален“, истакнаа цариниците.
Руската федерална царинска служба извести дека Никичук е осомничена за шверц на стратешки важна стока и за избегнување царински давачки.
Доколку биде прогласена за виновна, ѝ се заканува затворска казна до пет години.
Европа
Украина: Русија загуби најмногу војници од почетокот на војната во текот на вчерашниот ден
Руските сили го претрпеа најсмртоносниот ден од почетокот на целосната инвазија на Украина, според бројките објавени од Киев денеска.
Според информациите од Генералштабот на вооружените сили на Украина, московските сили во изминатиот ден загубиле 1.950 војници.
Ова го надмина претходниот рекорд од 1.770, поставен само еден ден претходно. Вкупната бројка, според податоците на Украина, сега изнесува 712.610.
Податоците не прецизираат дали се убиени или ранети, иако генерално се смета дека вклучуваат мртви, ранети, исчезнати и заробени. Бројките се во согласност со процените на западните земји.
Зголемувањето на жртвите доаѓа откога руските сили го засилуваат притисокот по должината на линијата на фронтот.
Сојузниците на НАТО веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја врати територијата под контрола на Украина во регионот Курск пред инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари.
Процената на британското разузнавање, во која имал увид и „Телеграф“, предупреди дека Русија може да ги интензивира нападите со беспилотни летала „камикаѕе“ врз украинските позиции користејќи нови пунктови за лансирање во близина на границата.
Во обид да ја врати контролата Русија распореди 50.000 војници, вклучително и војници од Северна Кореја, во областа Курск.
Украинскиот командант Олександр Сирски рече дека „десетици илјади непријателски војници од најдобрите руски јуришни единици“ се обидуваат да ги истуркаат украинските сили од руската енклава предизвикувајќи загриженост за можна значајна ескалација на војната.
И украинскиот претседател Зеленски вчера потврди дека Украина се бори со 50.000 руски војници во Курск.
Европа
Руските сили го нападнаа Криви Рих, од урнатините на зграда извлечени телата на три деца
Денеска, од урнатините на петкатница во украинскиот град Криви Рих беа извлечени телата на трите деца, кои беа убиени во напад на руските сили во понеделникот, пренесува „Укринформ“.
Според украинската агенција, во нападот загинале вкупно четири лица.
Шефот на регионалната воена администрација, Сергеј Лисак, првично на мрежата „Телеграм“ објави дека се пронајдени телата на две деца по што претседателот на Советот за одбрана на Криви Рих, Олександр Вилкул, објави дека е пронајдено и трето.
Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина во понеделникот извести дека осум лица се повредени, меѓу кои и 10-годишно девојче и 11-годишно момче.