Соопштенија
Успешно академско образование со „Тиго“ – кредит за студенти!

Академските денови пристигнаа и време е да ги започнете Вашите образовни приказни. Сепак, разбираме дека финансискиот аспект може да биде голем предизвик. Честопати самите студенти и нивните семјства се соочуваат со предизвици во финансирање на образовните цели. Освен учењето и ангажманот, финансиските аспекти често можат да се појават како пречка, создавајќи главоболка и допплнителна, непотребна нервоза.
Обезбедете го успешното образование со Тиго – Студентски Кредит!
Со Тиго, вашите образовни амбиции можат да станат реалност. Независно дали сте решени да го започнете вашето образование или сте студенти, ТИГО студентскиот кредит е тука да Ви помогне. Заборавете ги финансиските пречки и отворете го патот кон најповолните услови за финансирање на вашето образование.
Брз одговор и исплата во кеш: Со Тиго, нема потреба да чекате. Добивате инстант одговор на вашата апликација, за само 30 секунди, и исплата во кеш веднаш. Ова значи дека може одеднаш да ги решите вашите финансиски потреби за студии и да се фокусирате на учењето.
Нема потреба од жиранти и дополнителна документација: Заборавете ги многуте документи и процедури. Со само вашата лична карта и контакт телефон, сте подготвени да аплицирате за кредит и да ги реализирате вашите образовни амбиции.
Поддршка за сите студенти: Тиго – Студентски Кредит е достапен за сите студенти на возраст од 18 години и нивни законски застапници. Не постои ограничување на горната старосна граница, па дури и оние кои одлучуваат да продолжат со образование по наполнувањето на 30 години, можат да аплицираат.
Флексибилна отплата: За вашата удобност, нудиме повеќе начини за отплата:
· Еднократна отплата до 30 дена:
Без камати, без трошоци и без провизија.
· Повеќекратни месечни отплати: Имате опција за одбирање на рата која одговара на вашиот буџет, во роковите од 3, 6, 12, 18 или 24 месеци.
Започнете го вашето образование и остварете ги вашите цели со Тиго – Студентски Кредит. Исполнете ја академската приказна и остварете го Вашиот потенцијал со најдобрите услови за студентско финансирање. Одберете Тиго – Кредит за студенти.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Мециновиќ: Среќен сум со текот на кампањата и сè поверојатно е дека влегуваме во втор круг

Вчеравечер, во рамките на своите народни средби во Аеродром, Центар и Кисела Вода, кандидатотот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ презентираше дел од програмата #СкопјеСЕГА и повторно потсети дека досега се третирале симптомите, наместо изворите на аерозагадувањето.
„Град Скопје го посочува прстот кон сиромашните, како тие да се виновни, наместо да работи на санкционирање на вистинските загадувачи. Мора да се зголеми бројот на инспекторите за животна средина, да се опремат со дронови за поефикасна работа на терен и да се унапреди соработката со Министерството за животна средина,“ истакна Мециновиќ.
Тој информираше дека градот, поради актуелната регулатива, нема надлежност без Министерството да врши инспекциски надзори над индустриските загадувачи, кои се најголем извор на аерозагадување.
Мециновиќ додаде: „Повторно ќе истакнам дека со решавање на проблемот со јавниот транспорт – кој, патем, е главен фокус во нашата програма, ќе се реши поголем дел од проблемите во Скопје, вклучително и аерозагадувањето.“
„Среќен сум со текот на кампањата и сè поверојатно е дека влегуваме во втор круг“ – заврши Мециновиќ.
Соопштенија
Тоневски: Во наредните 4 години ќе инвестираме во патната инфраструктура во Пробиштип

Патната инфраструктура е област во која никогаш нема крај, секогаш има потреба од изградба и реконструкција на уште една улица, секогаш има потреба од нови тротоари како на улицата „28 август“, „Партизанска“, на „Браќа Миладиновци“, на улицата „Кочо Рацин“ и на многу други локации, рече Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но Пробиштип не е само градот, во наредните 4 години ќе инвестираме во секое населено место. Асфалтерките ќе стигнат до секоја населба и секое село. Ќе го изградиме патот до Јамиште, Шталковица, Пестришино, Близанци, Кундино, Костомар, Горни Стубол. Ќе го прошириме и реконструираме патот до Свети Николе, преку Неокази и Мечкуевци, за да добиеме вистински регионален пат каков што доликува на нашата општина. На сите жители ќе им овозможиме нормален и безбеден пристап до нивните домови и села. Заборавени места повеќе нема да има. Направете го вистинскиот избор, за тебе за твоето место, за твојата иднина“, рече тој.
Соопштенија
Ливриниќ: Визбегово како уредна и поврзана населба со нови тротоари, градинка и мини плоштад

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ, оствари средби со жителите на населбата Визбегово, каде што разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и ги претстави приоритетните мерки од својата програма за овој дел од општината.
„Во Визбегово кога врне и кога не врне е исто – тротоари немаме. Тоа мора да се промени. Мој приоритет ќе биде изградба на тротоари на сите улици и асфалтирање на улиците и нивните краци, за да имаме уредна и безбедна населба. Планираме и поставување лежечки полицајци на повеќе локации за да ја зголемиме безбедноста на пешаците“, истакна Ливриниќ.
Таа додаде дека грижата за животната средина и за животните мора да биде дел од локалната политика, најавувајќи изградба на стационар за кучиња и програми за уредување на јавните површини.
Како дел од визијата за поквалитетен живот, Ливриниќ најави и мини плоштад во центарот на населбата, опремен со урбана опрема – простор за дружење, културни настани и заедништво на жителите.
„Старото училиште ќе добие нова функција – детска градинка. Визбегово заслужува современ и безбеден простор за нашите најмали“, додаде таа.
Ливриниќ рече дека во соработка со Град Скопје, ќе биде воведена и нова автобуска линија Радишани – Визбегово – Карпош, со што ќе се подобри поврзаноста и ќе се намали сообраќајниот метеж.
„Визбегово ќе го направиме пример за тоа како една населба може да биде уредна, безбедна и пријатна за живеење. Ова не се ветувања, туку план кој заедно со жителите ќе го спроведеме“, порача Оливера Ливриниќ.