Забава
Цени до 15.000 евра за билети за концерт на Мадона
На 14 октомври Мадона ќе ја почне турнејата Celebration, со која ќе прослави 40 години на музичката сцена. Првите четири концерти ќе се одржат во лондонската „О2 арена“, каде што во нејзиниот настап ќе уживаат околу 80.000 фанови, а билетите за тие спектакли се одамна распродадени.
За тие четири претстави останаа уште 88 билети и нивните цени се движат од 300 до 5.900 евра. Во продолжение на турнејата Мадона ќе ги посети Белгија, Данска, Шведска, Шпанија, Германија, Португалија, Франција, Италија, Холандија, а потоа и градови на американскиот континент.
За повеќето концерти во Европа останаа 100-200 влезници, а салите во кои ќе настапат може да примат од 15.000 и повеќе луѓе.
Повеќето обожаватели сакаат да доаѓаат на нејзините настапи во Милано (23 и 25 ноември). За првиот концерт останаа 255 влезници, за вториот – 276, а цените достигнуваат астрономски бројки. Најниската е околу 300 евра, најскапата дури 15.454 евра.
Ако се земе предвид дека за време на турнејата Celebration, Мадона ќе одржи 78 концерти во Европа и Америка, се претпоставува дека постојат шанси кралицата на попот да постави нов рекорд за заработка од настапи. Таа е таа што го држи рекордот на листата „Турнеја со врвна заработка“ бидејќи за време на изведбата Sticky and sweet во 2008 и 2009 година заработила 411.000.000 долари (моментно 560.622,61 долар). На второ место е повторно таа со турнејата MDNA од 2012 година, кога заработила 305.158.362 долара (моментно 388.978.495).
Сегашните процени на обожавателите на Мадона велат дека таа од славеничката турнеја Celebration треба да заработи над 600 милиони долари, односно речиси осум милиони од концерт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Детали за смртта на Лиам Пејн: Имал 25 повреди
Лиам Пејн (31), поранешен член на One Direction, почина во средата во Аргентина. Британскиот пејач е пронајден во Буенос Аирес.
Си-Ен-Ен пишува дека пејачот бил пронајден мртов пред хотелот Каса Сур во луксузниот кварт Палермо, откако паднал од третиот кат. Смртта ја констатирала полицијата, а лекарите рекле дека „нема начин да се спаси“. Очевидци за американскиот таблоид ТМЗ изјавија дека несреќата се случила нешто по 17 часот (локално време). Тие тврдат и дека Лиам претходно „чудно се однесувал во лобито на хотелот“. Напоменуваат дека го „скршил лаптопот“.
И во официјалното соопштение се вели дека полицајците биле испратени во хотелот по итен повик „во кој биле информирани за агресивен маж кој можеби бил под дејство на дрога и алкохол“. Кога стигнале, полицаецот, како што вели, слушнал силна бучава во внатрешниот двор на хотелот.
Би-би-си доби извештај од канцеларијата на јавниот обвинител во Буенос Аирес во кој детално е опишано што досега дознале истражителите за смртта на Лиам Пејн. Во извештајот се вели дека смртта на пејачот се истражува како сомнителна поради локалните протоколи, но доказите сугерираат дека тој бил сам во хотелската соба во моментот на инцидентот.
Инспекторите сè уште испрашуваат пет сведоци – тројца вработени во хотелот и две жени кои биле во собата на Лиам ноќта пред неговата смрт. Се наведува дека во собата била пронајдена дрога и алкохол. Првата обдукција покажала дека Лијам се здобил со 25 повреди од падот. Ќе се прават и токсиколошки тестови. Се додава дека пејачот најверојатно паднал додека бил полусвесен или целосно онесвестен.
Полицијата од Буенос Аирес потврди дека истрагата на местото каде што паднал музичарот е завршена, пишува Би-би-си. Додаваат дека во хотелската соба каде што престојувал биле пронајдени запалка, мобилен телефон и шише виски.
„Персоналот пронашол тотален хаос и оштетени предмети во собата“, додаваат тие. Пронајдоа и разни кутии со лекови, тетратка и пасош Полицијата извести дека прелиминарната обдукција покажала дека Пејн претрпел внатрешно и надворешно крварење и починал како последица на падот.
Забава
Момците од One Direction се огласија: „Ние сме уништени“
Поранешните членови на One Direction се простија од Лиам Пејн.
Тие во заедничко соопштение објавија дека се целосно уништени од веста за нивниот поранешен колега.
„Во догледно време, кога ќе можеме, ќе кажеме повеќе. Сега ќе одвоиме малку време да тагуваме и да ја преболиме загубата на нашиот брат, кого неизмерно го сакавме. Неговите спомени ќе бидат вредни засекогаш. Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и обожавателите кои го сакаа. Многу ќе ни недостига. Те сакаме Лиам“, се наведува во соопштението.
Лиам објави пет албуми со бендот
Забава
(Видео) „Ова е непримерно“: Хајди Клум позира со ќерката во кампања за долна облека
Поранешната манекенка Хајди Клум на „Инстаграм“ се пофали со фотографиите на кои позира со својата ќерка Лени во кампања за долна облека, а нејзиното објавување предизвика бурни реакции.
51-годишната Хајди и нејзината 20-годишна ќерка позираа заедно во тантелена долна облека, а Хајди откри дека уживале во снимањето.
View this post on Instagram
„Лени и јас се забавувавме додека го снимавме ова. Најдете нè на билбордите низ цела Германија и на телевизија“, рече таа во објавата што ја сподели и ќерка ѝ.
Како дел од објавата има и видео на кое Хајди и ги допира гаќите на ќерка си и ја снима додека таа позира во долна облека. Објавата предизвика многубројни негативни реакции.
View this post on Instagram
„Прилично е чудно што го правиш ова со мајка ти“, „Чудно е што мајка ти ги допира гаќите“, „Ова е несоодветно“, „Изгледа како почеток на филм од 18+“, „Да, нема ништо подобро од тоа да позираш полугола со мајка ти“, „О, тато и јас го правиме тоа постојано, само во боксери“, се дел од коментарите под објавата.