Свет
Словачка повторно воведува гранична контрола со Унгарија

Словачка најави дека повторно ќе воведе гранични контроли на границата со Унгарија со цел да се намали сè поголемиот број мигранти на нејзината територија, каде што само во септември беа регистрирани повеќе илегални мигранти отколку во минатата година.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи на Словачка по денешната седница на владата, мерката стапува во сила од утре и ќе трае до 14 октомври.
Се наведува дека воведувањето контрола на границата со Унгарија „соодветствува на моментната закана и зависи од развојот на безбедносната ситуација“.
Оваа година таканаречената секундарна транзитна миграција од западнобалканската рута особено придонесе за илегалната миграција во Словачка, наведува словачката агенција.
Словачка од почетокот на годинава до 1 октомври регистрирала 39.688 илегални мигранти, што е 11 пати повеќе од истиот период лани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ од 2 милијарди долари

Полска и САД ќе потпишат договор за испорака на логистичка поддршка за системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари, изјави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косинска-Камиш.
„Безбедноста на полското небо е бесценета“, рече Косињак-Камиш, додавајќи дека ракетната одбрана и соработката со САД се приоритети за Полска.
Договорот со САД се однесува на обезбедување логистичка поддршка за системот Патриот и вклучува компоненти за техничка поддршка, како и обука на персоналот.
Свет
Најмалку 2.065 луѓе загинаа, 3.900 се повредени, повеќе од 270 исчезнати по земјотресот во Мјанмар

Најмалку 2.065 луѓе се убиени, повеќе од 3.900 се повредени, а повеќе од 270 се водат како исчезнати, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалната телевизија МРТВ.
Спасувачките тимови се обидуваат да пронајдат уште преживеани под урнатините на зградите во Мјанмар и Тајланд, а во заедничка петчасовна спасувачка операција спроведена од кинески, руски и локални тимови, една жена е спасена по 60 часа под урнатините на хотелот Great Wall во градот Мандалеј, јавува Ројтерс.
Обединетите нации соопштија дека брзаат да достават хуманитарна помош за околу 23.000 преживеани погодени од земјотресот во центарот на Мјанмар.
Кинеската новинска агенција Ксинхуа претходно денеска објави дека Пекинг ја испратил пратката за прва помош во Мјанмар во вредност од 100 милиони јуани (13,78 милиони долари), вклучувајќи шатори, ќебиња и комплети за прва помош.
Регион
Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.
Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.