Свет
Девојка била малтретирана од претпоставениот офицер во војска, па се самоубила: телото ѝ било пронајдено во кампот „Лахрил“

19-годишната Џесли Бек извршила самоубиство бидејќи подолг период трпела сексуална злоупотреба од претпоставениот, покажале резултатите од истрагата.
Нејзиното тело беше пронајдено во декември 2021 година во кампот „Лархил“.
Во извештајот, кој потоа беше објавен, се наведува дека „подолг период била изложена на непријатното однесување на својот претпоставен“.
Нејзиниот шеф, офицер што не е именуван од правни причини, бил задолжен за давање наредби на Џесли.
Џесли им кажала на пријателите и семејството дека на почетокот го гледала својот шеф како пријател и се трудела да биде разбирлива, но неговото однесување станало неподносливо.
Во октомври 2021 година таа примила 1.000 пораки, но следниот месец тој број се зголемил на 3.500.
Тој наводно сакал да биде во врска со Џесли, но таа го одбила бидејќи во тоа време имала момче.
Џесли ѝ се приклучила на војската на 16-годишна возраст. Мајка ѝ за Би-би-си изјавила дека ќерка ѝ носи светлина каде и да се појави. Мајката вели дека неколку дена пред смртта почнала да се плаши поради однесувањето на претпоставениот.
Ја терала ќерка си да го пријави претпоставениот, но Џесли не го сторила тоа бидејќи не сакала да го повреди.
Воен портпарол рече дека нивните мисли се со семејството и пријателите на Џесли во тешкиот момент.
„Армијата ги прифати сите 18 препораки наведени во извештајот, а 15 од нив се веќе спроведени“, е соопштено.
Како умре Џесли, ќе се знае дури кога истрагата ќе биде целосно завршена, пренесуваат локалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.