Забава
Истражување: Грижата за домашно милениче е постресна од родителството
Грижата за домашно милениче е повеќе стресна од љубовна врска или родителство, покажа новото истражување.
Истражувањето спроведено над 2.000 сопственици на домашни миленици покажа дека луѓето се позагрижени за својата способност да се грижат за своето милениче (42 %) отколку за односот со партнерот (37 %) или со своите деца (30 %). Причината за тоа можеби е тоа што повеќе од половина од испитаниците (51 %) сметаат дека и нивните миленици доживуваат стрес.
На прашањето што би му помогнало на нивното милениче да се чувствува посмирено, сопствениците навеле неколку потенцијални решенија – да поминуваат повеќе време надвор (47 %), да се поврзат со други домашни миленици (46 %), да поминуваат повеќе време со нив (44 %) или да посетуваат терапевт за миленичиња (43 %).
Анкетата спроведена од OnePoll по повод Месецот на благосостојба на миленичињата – октомври, исто така покажа дека луѓето размислуваат за стареењето на своите миленици исто како и за сопственото стареење. Тие мислат дека може да препознаат знаци дека нивното милениче старее, како што се недостиг на енергија (56 %), ако повеќе не уживаат во своите омилени активности (54 %) и ако им е тешко да се качуваат по скали (51 %).
„Исто како и нашите, потребите на домашните миленици може да се менуваат како што стареат, така што нивната дневна рутина, исхрана и вежбање можеби ќе треба да се приспособат за да се подобри квалитетот на нивниот живот, како и да се додадат висококвалитетни додатоци во исхраната. Малите приспособувања може да обезбедат дека златните години на вашето милениче се помалку стресни и за него и за вас“, вели Аманда Хауленд, коосновач на CCO ElleVet Sciences.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ова е непримерно“: Хајди Клум позира со ќерката во кампања за долна облека
Поранешната манекенка Хајди Клум на „Инстаграм“ се пофали со фотографиите на кои позира со својата ќерка Лени во кампања за долна облека, а нејзиното објавување предизвика бурни реакции.
51-годишната Хајди и нејзината 20-годишна ќерка позираа заедно во тантелена долна облека, а Хајди откри дека уживале во снимањето.
View this post on Instagram
„Лени и јас се забавувавме додека го снимавме ова. Најдете нè на билбордите низ цела Германија и на телевизија“, рече таа во објавата што ја сподели и ќерка ѝ.
Како дел од објавата има и видео на кое Хајди и ги допира гаќите на ќерка си и ја снима додека таа позира во долна облека. Објавата предизвика многубројни негативни реакции.
View this post on Instagram
„Прилично е чудно што го правиш ова со мајка ти“, „Чудно е што мајка ти ги допира гаќите“, „Ова е несоодветно“, „Изгледа како почеток на филм од 18+“, „Да, нема ништо подобро од тоа да позираш полугола со мајка ти“, „О, тато и јас го правиме тоа постојано, само во боксери“, се дел од коментарите под објавата.
Забава
Актерот од филмот „Сам дома 2“ снимен на прошетка, глетката ги растажи фановите
Тим Кари, британскиот актер запаметен по улогата во филмот „Сам дома 2“, е снимен по долго време. Во еден од најпопуларните божиќни филмови тој го глумеше рецепционерот во хотелот Плаза.
Сега тој беше фотографиран додека шеташе во Лос Анџелес придружуван од асистент, а оваа сцена ги растажи неговите обожаватели.
Кари (78) во 2012 година доживеа мозочен удар, поради што сега користи инвалидска количка и има потреба од помошник.
Неговото семејство долго време го чуваше неговото здравје во тајност.
Забава
Сергеј Трифуновиќ и Исидора се венчаа кај матичар: Ова можам да го правам еднаш месечно
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ вчера на својот инстаграм-профил објави фотографии од венчавката во матично.
View this post on Instagram
Во три одделни објави сподели моменти од церемонијата на која се ожени со Исидора, неговата сопруга, која е 24 години помлада од него.
View this post on Instagram
„Со тебе можам да се венчавам секој месец“, напиша тој во описот на една од објавите, каде што заедно позираат во лифт.
View this post on Instagram
Исидора Мијановиќ за оваа пригода облече долг виолетов сатенски фустан, со виолетова јакна во слична боја и бели чевли, а актерот избра црни панталони и бела кошула.
View this post on Instagram