Црна хроника
Три лица уапсени во Неготинско: краделе огревно дрво
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/drva-za-ogrev.jpg)
Вчера, во 17.30 часот, на местото наречено Бела Вода, атар на с. Калањево, Неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода Х. Ч. (27) од Неготино, С. С. (68) и А. А. (56) од с. Тимјаник, Неготинско, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело кражба по член 235 став 3 од Кривичниот законик.
При преглед на теренот, во дворно место од викенд-куќа на Х. Ч. биле пронајдени речиси 12 кубни метри огревно дрво, без документација, пила и други предмети поврзани со делото.
Во близина исто така биле пронајдени и две тракторски приколки натоварени со речиси 10 кубни метри огревно дрво, сопственост на С. С. и А. А., и дополнително околу шест кубни метри дрво во близина на приколките, сите без документација.
За настанот била известена шумската полиција, а дрвата, приколките и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Кривични против пет малолетници од Скопје за „разбојништво во обид“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/gradski-park.jpg)
СВР Скопје поднесе кривична пријава против пет малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“, извести МВР.
„На 28.02.2024 во Градскиот парк во Скопје, пријавените му побарале пари на Ф.П.А. и се обиделе насилно да му го одземат паричникот“, соопшти МВР.
Црна хроника
Шест работници од Непал избегале од местото каде што престојувале, случајот го пријавила скопјанка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/tupanici-za-policaec.jpg)
Вчера во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, 36-годишната В.Д. од Скопје пријавила дека шест лица-работници на возраст од 24 до 27-годишна возраст од Непал, кои работеле во приватна фирма, се оддалечиле од местото каде што престојувале, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Црна хроника
Кривична против 44-годишник од Требош, го истепал и повредил својот татко
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/nasilstvo-tepachka.jpg)
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 44-годишниот Р.А. од село Требош, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство, извести МВР.
„На 07.04.2024 во близина на семејниот дом во с.Требош, пријавениот без повод и причина, физички го нападнал неговиот татко, нанесувајќи му повреди“, соопшти МВР.