Црна хроника
Скопјанец ја нападнал 23-годишната сопруга со која е во бракоразводна постапка

До СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесена е кривична пријава против Н. М. (25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда при семејно насилство.
Тој се сомничи дека на 3.10.2023, на подрачјето на Кисела Вода, физички ја нападнал својата 23-годишна сопруга, со која е во бракоразводна постапка. По преземените мерки, тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а на 4.10. заедно со пријавата бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен бегалец од затвор, вратен е во установата

Полицијата уапси едно лице кое избегало од затворот во Струмица и го врати во установата.
Според информациите на МВР, вчера во 20:55 часот во с. Бела Црква, општина Кривогаштани, полициски службеници го лишија од слобода С.М. (31) од Штип, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица.
С.М. е осуден на казна затвор во времетраење од пет години. Тој е предаден на Затвор Струмица.
Топ
Уапсени двајца турски државјани во Скопје, му се заканувале на едно лице дека ќе го убијат ако не му дадат пари

Вчера во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител, ги лишија од слобода Е.О.(29) и Е.А.(22), двајцата од Република Турција.
Тие се затекнати при примање 40.000 евра од Х.Џ.Ч.(26) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно се кримтехнички обработени.
Имено, претходно во полициска станица Х.Џ.Ч. пријавил дека неколку дена лицето Б.О. од Република Туција, кој живеее во Обединетите Арапски Емирати, постојано му се заканувал дека ќе го убие ако не му дава пари. Според пријавеното, пред да го пријави настанот во полиција, му се јавил Е.О. и го известил дека парите треба му ги даде нему и дека на договореното место ќе дојде со уште едно лице.
Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца битолчани за незаконит лов, во нивното возило пронајдени две срни

Полицијата уапси двајца битолчани за „незаконит лов“, а во нивното возило се пронајдени две уловени срни.
Вчера околу 10:30 часот на крстосница за с.Брод, општина Новаци, полициски службеници ги лишија од слобода С.Ф.(51) и В.Ф.(26), двајцата од Битола.
При преглед во возилото „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., а сопатник бил В.Ф., пронајдени се еден карабин и две ловечки пушки со дозволи, неколку уловени пајки, за кои, исто така, поседувале дозвола за лов, како и две уловени срни за кои не поседувале дозвола за лов.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.