Спорт
Соломон ќе паузира најмалку шест недели

Напаѓачот на Тотенхем Манор Соломон нема да може да игра помеѓу два и три месеци, објави лондонскиот клуб.
Тој заработи повреда на менискусот и поради тоа нема да може да им помогне на соиграчите во наредниот период по одличниот старт на сезоната.
Соломон се повредил на последниот тренинг, а неговото отсуство доаѓа во незгоден момент, кога Тотенхем влегува во серија на тешки натпревари.
Во Премиер лигата, Спарс ќе играат со Челзи, Астон Вила, Манчестер сити и Вест Хем. Исто така Тотенхем ќе игра и со Лутон, Фулам, Кристал Палас и Вулверхемптон.
Инаку, Соломон летово пристигна во Тотенхем како слободен играч од Фулам.
На шест натпревари од почетокот на сезоната забележа две асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бриж се самоуништи, Астон Вила со една нога е во четвртфиналето

Астон Вила го совлада Клуб Бриж со 3:1 на гостински терен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Белгискиот тим беше подобар на теренот, но откако не ги искористи своите шанси, се самоуништи во финишот со две грешки и практично им ја подари победата на гостите од Англија.
Мечот идеално започна за Астон Вила, во третата минута Бејли го отвори резултатот. Домаќинот експресно реагираше и девет минути подоцна де Кајпер го изеднач резултатот.
Талби во 32.минута имаше можнос да напраби пресврт, меѓутоа Мартинес го одбрани неговиот удар.
Во вториот дел уште две озвонредни шанси за Клуб Бриж. Ударот со глава на капитенот Ванакен заврши до стативата, а потоа Цолис од чиста позиција биеше високо над голот.
Казната за овие нереализирани шанси беше брутална. Искусниот Мехеле си постигна автогол во 82.минута, а шест минути подоцна Цолис наовно направи пенал кој го реализираше Асенсио.
Реваншот во Бирмингем се игра наредната среда.
Спорт
ФА откри што му кажал Слот на судијата Оливер

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) објави извештај за истрага во која се вклучени тренерот на Ливерпул Арне Слот и судијата Мајкл Оливер.
Оливер судеше на натпреварот Евертон-Ливерпул (2:2) на „Гудисон Парк“ на 12. февруари кога му покажа црвен картон на Арне Слот по натпреварот поради протест.
Слот беше суспендиран на два натпревари и казнет со 70.000 фунти. Истата казна ја заработи и неговиот прв помошник, кој доби парична казна од 7.000 фунти.
ФА, денеска објави што му рекол Слот на судијата Оливер по дуелот кој заврши 2:2, благодарение на голот на Џејмс Тарковски во осмата минута од судиското надополнување, иако натпреварот беше продолжен за пет минути.
„Се што судеше, судеше за нив. Се надевам дека си горд на својата работа. Ако не ја освоиме Премиер лигата, ти ќе бидеш е..но крив“, рекол тренерот на Ливерпул, според извештајот на ФА.
Слот одби да признае дека го кажал сето тоа и истакна дека е точно дека претерал со зборовите поради фрустрација, но не и дека ги употребил тие фрази.
Спорт
Ливерпул има замена за ТАА, му нудат осум пати поголема плата

Челниците на Ливерпул не се премногу загрижени од можното заминување на Трент Александер-Арнолд (ТАА). Десниот бек изминатите месеци се поврзува со Реал Мадрид, каде би се прселил како слободен играч.
Ливерпул има вистинска замена за ТАА, во 21-годишниот репрезентативец на Северна Ирска, Конор Бредли. Клубот веќе му понудил нов, финансики подобра договор.
Минатата сезона кај Јирген Клоп, Бредли одигра 23 натпревари, а оваа кај Арне Слот настапи на 22 натпревари. Особено се истакна против Реал Мадрид кога во целост го запре Килијан Мбапе, а Ливерпул победи со 2:0.
Бредли ја мина младинската школа на Ливерпул, а сезоната 2022/23 беше на позајмица во Болтон. Пред 15 месеци потпиша договор со важност до јуни 2027 година. Со тој договор тој заработува скромни 630.000 евра годишно.
Сега Ливерпул му нуди продолжување на договорот до јуни 2030 година и многу поголема плата, поточно 4.700.000 евра по сезона, пренесуваат британските медиуми.
Покрај Александер-Арнолд, во јуни оваа година истекуваат и договорите на напаѓачот Мохамед Салах и дефанзивецот Вирџил ван Дијк. Ливерпул се надева дека ќе успее да ги убеди Салах и Ван Дијк да ја продолжат соработката.