Свет
Американски цариници заплениле измет од жирафа од жена што сакала од него да направи накит

Американските цариници го спречија планот на една жена од Ајова, која сакала да направи накит од измет од жирафа, што го зела на патување во Кенија и го донела во САД во својот багаж.
Кога била избрана за дополнителен преглед по пристигнувањето на аеродромот „Минеаполис-Сент Пол“ на 29 септември, патничката сама пријавила дека поседува мала кутија со измет, соопштија Царината и граничната заштита на САД.
Жената им рекла на цариниците дека имала намера да направи ланче од измет бидејќи веќе претходно направила од измет од елен.
Експерти од агенцијата за земјоделство ја заплениле малата кутија и го уништиле изметот на жирафата.
„Постои реален ризик од внесување фекални материи во САД“, рече во соопштението директорот на областа за царина и гранична заштита на Чикаго, Ла Фонда Д. Сатон-Бурк, додавајќи дека ако лицето влегло во САД и не пријавило што донело, „би била голема веројатноста да се разболи од неговиот накит и да развие сериозни здравствени проблеми“.
Африканска свинска чума, класична свинска чума, Њукаслова болест, шап и свинска везикуларна болест се меѓу болестите во Кенија, кои Царината ги наведе како ризик од носење измет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ од 2 милијарди долари

Полска и САД ќе потпишат договор за испорака на логистичка поддршка за системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари, изјави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косинска-Камиш.
„Безбедноста на полското небо е бесценета“, рече Косињак-Камиш, додавајќи дека ракетната одбрана и соработката со САД се приоритети за Полска.
Договорот со САД се однесува на обезбедување логистичка поддршка за системот Патриот и вклучува компоненти за техничка поддршка, како и обука на персоналот.
Свет
Најмалку 2.065 луѓе загинаа, 3.900 се повредени, повеќе од 270 исчезнати по земјотресот во Мјанмар

Најмалку 2.065 луѓе се убиени, повеќе од 3.900 се повредени, а повеќе од 270 се водат како исчезнати, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалната телевизија МРТВ.
Спасувачките тимови се обидуваат да пронајдат уште преживеани под урнатините на зградите во Мјанмар и Тајланд, а во заедничка петчасовна спасувачка операција спроведена од кинески, руски и локални тимови, една жена е спасена по 60 часа под урнатините на хотелот Great Wall во градот Мандалеј, јавува Ројтерс.
Обединетите нации соопштија дека брзаат да достават хуманитарна помош за околу 23.000 преживеани погодени од земјотресот во центарот на Мјанмар.
Кинеската новинска агенција Ксинхуа претходно денеска објави дека Пекинг ја испратил пратката за прва помош во Мјанмар во вредност од 100 милиони јуани (13,78 милиони долари), вклучувајќи шатори, ќебиња и комплети за прва помош.
Регион
Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.
Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.