Култура
Концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ во Филхармонијата
Камерниот ансамбл на Филхармонија – „Алтус“, в понеделник, со почеток во 19 часот, ќе одржи концерт под диригентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција. Камерниот ансамбл „Алтус“, во состав Катарина Павлович – виолина, Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано и Антоние Весковски – вибрафон, ќе изведе дела од А. Р. Томас, Ј. М. Стауд, П. Булез и дело на македонскиот композитор Панде Шахов.
Како уметник со многу таленти и мајстор на фагот, еден од најенигматичните дувачки инструменти, Паскал Галоа, е солист, оркестарски музичар и професор, кој остава печат и со својата работа како диригент. Неговата прва изведба на „Секвенца 7“ од Берио беше исклучително важен настан за неговата кариера, исто како и неговата изведба на „Дијалог на сенките“ од Пјер Булез и „Псалми“ на Волфганг Рим за кларинет и оркестар. Галоа ги организира и т.н. музички моменти заедно со своите пријатели, како за 85. роденден на Пјер Булез во Музејот на уметноста во Париз, или за 95. роденден на Анри Дутие во хотелот „Де Лаузун“. Тој ги снима и своите современици со исто толку голем ентузијазам, како што Пјер Булез, Лучано Берио и Олга Ноивирт.
Неговото мото како уметник е дека музиката како уметност заслужува подобро место во општеството. И токму поради тоа тој го води најголемиот конзерваториум во срцето на Париз. Во 2015 година тој го формира и фестивалот во Киброн, во кој се среќаваат класичната и модерната музика. Диригирањето во моментот е негова централна определба преку која ги искажува својата пасија кон музиката и неговата оригинална перспектива и гледање на современиот и на класичниот репертоар.
Концертот се реализира во соработка со Центарот за едукација и музика – ЦЕМ МКД и Францускиот институт во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90 отсто
Магијата на Black Friday пристигна во книжарниците на „Литература.мк“!
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозно големи попусти, дури и до 90%!
На попуст од 70% се бестселери, мотивациски книги, современи класици, биографии и книги за деца и млади од издавачките куќи „Арс Ламина“, „Култура“, „Полица“, „Бата прес“ и „Сакам книги“, „Антолог“ и „Три“.
До 90% намалување има на дел од гифт-програмата, на играчки, едукативни материјали, друштвени игри, украси за домот и канцеларијата, подароци, колекционерски производи, куфери и друго. Станува збор за селекција на производи од престижни интернационални брендови, како: Lego, Baci Milano, Ferrari, Scooterice, Clementoni, Fundamental, BG Berlin, PBM express, Abysse, Erik, Cerda, One collection, Cogo, CV Cristal, Alessi, 4М, Lexon, Italeri, Manopulos, SOL expert group, Matador и Hanipol.
Попустите важат во сите книжарници на „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТЦ „Буњаковец“, Битола и Струмица), како и за онлајн-нарачките преку www.literatura.mk.
Со оваа акција се овозможува навреме да си обезбедите новогодишни подароци, но и да го дополните својот дом со нови книги и уникатни производи по супер намалени цени!
Каталогот со попустите можете да го разгледате на следниот ЛИНК.
Култура
(Видео) „И јас сум Сирма” ја запали Македонија: лектира, историска читанка и „Оче наш“ на секој Македонец
Најновата книга „И јас сум Сирма“ на авторот Зоран Спасов-Sоф ги сруши сите стереотипи за промоција не една книга. Издавачот „Арс ламина“ направи своевидна револуција во промовирањето на овој исклучително контроверзен роман.
Горат социјалните мрежи, порталите, брендирани автобуси возат низ градот, дваесетметарска реклама осамна спроти Владата, на радиостаниците ги слушаме трите реклами со баритонот на Александар Микиќ…
Двоецот „Арс ламина“ – Sоф ја помести границата за промоција на едно дело од областа на културата. Дури и оние што не читаат книги ја посетуваат веб-страницата www.ijassumSirma.mk за да дознаат повеќе информации за овој роман.
Првиот дел од кампањата заврши со спектакуларната промоција во МКЦ, каде што преку илјада книгољупци ја дочекаа Сирма да се појави на бината, придружена од нејзиниот „Сирма рокенрол-бенд, кој со еден пинкфлојдовски и седумосмински аранжман ја изведе „Заветна”.
Книгата се продава во салоните на www.literatura.mk. Исто како и пртходно, и овој пат, кога станува збор за „Арс ламина“ и Зоран Спасов-Sоф, средствата од продажбата ќе бидат наменети во хуманитарни и добротворни цели.
ПР-текст
Култура
Претставатата „Земја на штркови“ вечерва гостува во Свети Николе
Вечерва со почеток од 20:00 час. во ДК “Крсте Мисирков” – Св.Николе, гостува Театар Провокација со претставата “ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ” во режија на Роберт Ристов.
Претставата „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ разбудат од летаргичноста, но и од заблудите, и да нѐ натераат да се преиспитаме самите себеси, до каде – тоа сме доведени и дали е крајно време да се преземе одговорност за последицата наречена – бела чума!
Играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Изабела Јакимова и Радо Алексовски.
Истата оваа претстава на 26.11 гостува во Пробиштип, на 06.12 Велес, на 10.12 по втор пат ќе гостува во Охрид, а на 11.12 ќе ја има и скопската премиера во МКЦ.