Црна хроника
Во сообраќајна незгода тешко повредени двајца од Струмичко, возачот удрил во ограда и избегал од местото на несреќата

Вчеравечер, во 22.50 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Баница, Струмичко, 22-годишниот И. К. од село Баница, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда, извести МВР.
„По несреќата, И. К. го напуштил местото, а сопатникот К. Ѓ. (29) од Струмица бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.
По преземените мерки, во 23.50 часот возачот бил пронајден и пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде што исто така му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
17-годишник тешко повреден кога со возилото излетал од патот во Струшко

Ноќеска во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Охрид

Синоќа во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Мајка замавнала со ножот и го повредила синот: при семејна расправија во Дебар

Вчера во 17 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја лишиле од слобода 62-годишната Т.В. од Дебар.
Таа околу 15:30 часот при расправија во семејниот дом со остар предмет замавнала и нанела повреда на нејзиниот 31-годишен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.