Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Вчера попладне, во 15.50 часот, во Полициската станица Центар 18-годишниот В. Д. од Скопје пријавил дека на булеварот Кочо Рацин бил каснат од куче скитник, извести МВР.
Истиот ден во Скопје биле пријавени уште два случаја на каснување од куче скитник.
„На 5.10.2023, во 19 часот, во Полициската станица Кисела Вода, Б. К. (84) од Скопје пријавила дека на улицата Марко Орешковиќ била касната од куче скитник. На 5.10.2023, во 15.40 часот, во Полициската станица Гази Баба, Ј. Г. (50) од Скопје пријавила дека на улицата Палмиро Тољати била касната од куче скитник“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.