Македонија
Свечена заклетва на 27 класа питомци и на слушателите на курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери
Заменик-министерот за одбрана, Тирон Јајага, денеска присуствуваше и се обрати на свеченоста по повод заклетва на 27 класа питомци и слушатели на курсот за стручно оспособување и усовршување офицери за потребите на Армијата во касарната „Гоце Делчев“ – Скопје.
Јајага истакна дека и питомците и слушателите на курсот, кои дадоа свечена заклетва, почнуваат да чекорат по нова патека, која е препознатлива по својата стручност, стандарди, дисциплина, но и дека со нивниот интерес да се приклучат во редовите на Армијата покажуваат дека неизмерно ја сакаат својата татковина.
Тој додаде дека токму на Воената академија, на која се школуваат и питомци од Босна и Херцеговина од Косово и од Црна Гора, ќе се формираат во вистински лидери.
„Во периодот што следува ќе научите многу за воената професија и вашите видици ќе ги проширите во поглед на заштитата и безбедноста. Вие ќе се соочите со разни предизвици при вашето образование, кои ќе ве оформат во вистински лидери. Лидери што знаат како да се грижат за безбедноста и мирот на своите граѓани и држава, но и пошироко“, потенцира Јајага.
Деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски, упати честитки до секој поединец за храброста и одлучноста да се избере патот на воената професија, уникатна можност, која не е лесно достапна за другите.
На денешната свеченост присуствуваше и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал Симеон Трајковски, претставници од воено-дипломатскиот кор, гости од Босна и Херцеговина и Црна Гора и роднини и пријатели на питомците и слушателите.
Оваа година на воената академија Генерал „Михаило Апостолски“ како дел од 27. класа се запишани 41 питомец, од кои 34 од Северна Македонија (21 мажи и 13 жени), 4 питомци од Босна и Херцеговина и 3 питомци од Црна Гора, а на курсот за стручно оспособување и усовршување офицери за потребите на Армијата на Република Северна Македонија ќе бидат 30 слушатели, од кои 19 мажи и 11 жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

