Спорт
Ти-Џеј Шортс e МВП на првото коло на Еврокупот

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс прогласен е за најкорисен кошаркар во првото коло од Еврокупот. Тој имаше одличен настап за Париз Баскет во триумфот над Волфс од Литванија, со 105:78.
Шортс постигна 20 поени (8/11 за два, 0/2 за три, 4/4 од линијата за слободни фрлања), имаше девет асистенции и три украдени топки. Ова му донесе индекс на корисност 30.
A perfect way to start the season, @TjShorts5 of @ParisBasketball led his side to a dominant Round One Dub and claimed MVP of the Round in the process ✅
Check out his best plays from the season opener!
MVP of the Round I #RoadToGreatness pic.twitter.com/EeGyUgqdxv
— BKT EuroCup (@EuroCup) October 6, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ среде Лондон го победи Арсенал

Фудбалерите на Пари Сен Жермен стекнаа предност по првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. „Светците“, успеаја да го победат Арсенал во Лондон со голот на Усман Дембеле во четвртата минута. Реваншот е наредната среда во Париз.
Со малку среќа, гостите можеа да имаат поголема предност пред реваншот на „Паркот на принцовите“. Фудбалерите на ПСЖ покажаа дека знаат како да играат против англиски тимови, бидејќи во претходните рунди ги елиминираа Ливерпул и Астон Вила, а во првата фаза го победија и Манчестер Сити.
Гостите се наметнаа на теренот од првата секунда, подобро влегоа во натпреварот. Секако, голот на Усман Дембеле во четвртата минута го одреди понатамошниот тек. Фудбалерите на францускиот шампион, по голот на Дембеле, имаа уште две добри шанси, но Раја ги одбрани ударите на Дуе и Каварацхелија.
Арсенал, во првиот дел, прв пат се закани во 45.минута, кога во ситуација еден на еден, Донарума му го одбрани ударот на Мартинели.
Во вториот дел поради офсајд беше поништен голот на Мерино во 47.минута, а девет минути подоцна, Тросар имаше шанса, Донарума повторно излезе како победник.
Во финишот ПСЖ пропушти уште две шанси, во 84.минута Баркола биеше крај голот, а две минути подцна Рамош ја погоди гредата.
Спорт
Шест натпревари суспензија за Ридигер

Антонио Ридигер е суспендиран шест натпревари поради инцидентот што го предизвика во саботата, во финалето на Купот на кралот помеѓу Реал и Барселона.
Во фантастичен натпревар, Барселона го победи Реал со 3:2 по продолженијата, а Ридигер, во напад на неверојатен бес, најпрвин фрли пластично шише кон судијата, а потоа и сакаше физички да се пресмета со него.
Ридигер веќе беше заменет, но сепак доби црвен картон.
Со оглед на тоа што останаа уште пет кола пред крајот на сезоната, а Ридигер го оперираше коленото, тој ќе го отслужи преостанатиот натпревар од суспензијата на почетокот на следната сезона.
Џуд Белингам исто така доби црвен картон на крајот од натпреварот, но не беше казнет. Беше оценето дека судијата направил грешка во својата проценка.
Лукас Васкез доби казна за црвениот картон, тој е суспендиран на два натпревари бидејќи беше меѓу оние кои протестираа на крајот од второто продолжение. Тој го предводеше тој протест фрлајќи мраз кон судијата, додека Винисиус мина без казна.
Спорт
Ѓоковиќ го откажа настапот во Рим

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ 18 пати учествувал на овој Мастерс, 12 пати играл во финалето, освоил шест титули.
„Новак Ѓоковиќ објави дека нема да учествува на турнирот во Рим. Се гледаме следната година, Ноле“, пишува на социјалните мрежи на Мастерсот во Рима.
Во Монте Карло и Мадрид, Ѓоковиќ беше елиминиран во првите натпревари, од Алехандро Табило и Матео Арналди, и се очекуваше дека ќе се обиде да ја врати формата пред Ролан Гарос, кој започнува на 25 мај, на неговиот најуспешен Мастерс на земјена подлога.
Се уште не е познато зошто Ѓоковиќ го откажа од настапот во Рима. Ќе видиме дали е повреда во прашање и какви се идните планови на Новак, но од 2007 година, Ѓоковиќ никогаш не го пропуштил Мастерсот во Рим.
Оваа сезона, Ѓоковиќ играше во полуфиналето на Австралија Опен, но на четири од последните пет турнири беше елиминиран во своите први натпревари, иако играше и во финалето на Мајами.