Црна хроника
81-годишник силувал девојче во Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/340069856_758760485816444_7071669737011483402_n.jpg)
Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го приведоа И.П. (81) од Скопје поради основано сомнение дека на 21.09.2023 околу 12.45 часот во скопската општина Кисела Вода во својот дом допирал малолетничка по интимните делови од телото.
Од страна на ЕНК при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години”, предвидено и казниво по член 188 став 5 од КЗ. И.П. е изведен пред Судија на претходна постапка и одредена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
117 санкционирани возачи во Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-3.jpg)
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, осум мерки за користење на мобилен телефон при управување, десет мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се шест санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, четири мерки за возачи почетници.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.
Црна хроника
Ограбена скопјанка во центарот на градот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/canta-krazba.jpg)
Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје, 67-годишната С.Ф. од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар во Скопје едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против 33-годишник, полово вознемирувал скопјанка во хотел во Стар Дојран
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/tupanici-za-policaec.jpg)
СВР Струмица поднесе кривична пријава против 33-годишниот Б.С., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, извести МВР.
„На 30.06.2024 во хотел во Стар Дојран, пријавениот полово вознемирувал скопјанка која била сместена во истиот хотел“, соопшти МВР.