Црна хроника
Им ветувала работа во „Ван хол“, а им наплаќала по 500 евра

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против лицето А.М. (34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.
Во мај 2016 година три лица од Велес оствариле контакт со пријавената А.М. со цел да се информираат за вработување во фабриката за автобуси „Ван Хол“, за што од страна на пријавената им биле прикажани лажни факти дека ќе им обезбеди вработување во наведената фирма. За наводната услуга пријавената на лицата им побарала паричен надомест од 500 евра по лице. Од страна на трите лица на пријавената лично и била исплатена побараната сума на пари, но, до денот на пријавувањето на крвичното дело во СВР Велес, измамените лица не се повикани на разговор или вработени во фабриката за автобуси „Ван Хол“, како што било договорено, ниту пак, им се вратени паричните средства. Против пријавената А.М. претходно не се поднесувани кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.