Спорт
(Видео) Голманот Жиру ја одбрани победата на Милан

Фудбалерите на Милан на „Луиџи Ферарис“ во Џенова го победија домаќинот со 1:0 и ја презедоа челната позиција на табелата во Серија А.
Речиси ништо не се случуваше на теренот до 87.минута. Милан до самиот финиш упати само еден удар кон голот на Мартинез.
Во 87.минута Пулишиќ одлично се снајде пред голот на Џенова и му донесе предност на својот тим.
Во тој момент започна драмата. Во 93.минута невнимателен старт на голманот на Милан, Мењан надвор од голманскиот простор му донесе црвен картон. Бидејќи Стефано Пиоли ги имаше искористено сите измени на голот застана напаѓачот Оливие Жиру.
Слободниот удар на Гудмундсон заврши во гредата, а во продолжение на акцијата втор жолт картон доби голманот на Џенова,Мартинез.
Во следниот напад Жиру имаше интервенција со која спречи израмнување. Благодарение на таа одбрана Милан ги однесе бодовите од Џенова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спектакл на 400 слободно, златото за Мертенс

Лукас Мертенс го освои првиот златен медал на Светското првенство во пливање во Сингапур.
Тој славеше во спектакуларното финале на 400 метри слободно и со тоа на олимписката круна го додаде и најсјаниот медал на планетарното првенство.
Тој стигна до целта за 3:42,35 и за само две стотинки од секундата во одличен финиш го победи Австралиецот Семјуел Шорт, светскиот шампион од Фукуока во 2023 година.
Третото место со 25 стотинки минус го освои Вомин Ким кој не успеа да го одбрани златниот медал освоен во Доха минатата година.
Оваа година, Мертенс успеа по 16 години да го собори светскиот рекорд на Пол Бидерман на 400 метри слободно. Тој ја запре стоперката на 3:39,96.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лилард по отпуштањето од Милвоки: Не беше фер

Кошаркарот на Портланд, Демијен Лилард, зборуваше за отказот што го доби во Милвоки и враќањето во Блејзерс.
Дејм Лилард отсекогаш мислеше дека ќе се пензионира со Портланд Треил Блејзерс и ќе заврши во „Куќата на славните“ како играч на овој тим, но неговата кариера пред две сезони тргна во друга насока.
Тој го напушти Орегон за да се бори за шампионски прстен, а со Милвоки Бакс не успеа. Откако ја скина Ахиловата тетива во април на почетокот од плејофот, беше отпуштен, а Бакс го откупија неговиот договор, со што стана слободен агент.
Според извештаите, Јанис Адетокумбо бил многу незадоволен од одлуката на тимот, но одлуката веќе била донесена и сега Лилард проговори за она што се случуваше.
„Мора да имаш малку среќа за да бидеш шампион во НБА. Мора да бидеш здрав и да играш најдобра кошарка во најдобро време, мислам дека воопшто имавме среќа“, рече Лилард во интервју со Џим Овчарски за „Милвоки џурнал сентинел“.
Тие говореше и за еден од најдобрите играчи во лигата, Јанис Адетокумбо.
„Јанис и јас имавме најмногу постигнати поени во целата лига како тандем на НБА тимови. Го освоивме НБА Купот. Многу луѓе сакаа да ме видат во најдобра форма, а јас играм со човек кој постигнува над 30 поени по натпревар и често ја држи топката во свои раце, што го правев во текот на целата моја кариера. Тој е агресивен и често напаѓа, а сепак успеав да постигнам просек од 25 поени и 7 асистенции за две години. Не беше фер, изгледав поинаку и повторно мислам дека бевме многу продуктивни“, рече Дам.
Фото/ Принскрин
Спорт
Детали го делат Лукман од трансфер во Интер

Адемола Лукман донесе одлука да ја напушти Аталанта.
Тој имаше неколку понуди, но пред два дена им изјави на италијанските медиуми дека единствена опција за трансфер е Интер. .
Члениците на Интер испратија официјална понуда од 55 милиони евра, плус бонуси. Италијанските медиуми тврдат дека одличниот напаѓач е на еден чекор од потпишување на договор.
Foto/ EPA