Свет
(Вознемирувачко видео) Страшни снимки покажуваат како членови на Хамас пукаат во луѓе од непосредна близина на музичкиот фестивал
Милитантите на Хамас, кои нападнаа музички фестивал во јужен Израел во саботата, пукаа и убиваа луѓе од непосредна близина, а потоа ги ограбија, според снимките од надзорните камери потврдени и геолоцирани од Си-ен-ен. Нејасно е од чиј автомобил се видеата што во неделата почнаа да кружат на социјалните мрежи. Но, тие фрлија ново светло на нападот на фестивалот, каде што израелските спасувачи соопштија дека пронашле 260 убиени.
🇮🇱🇵🇸 | IMPRESIONANTE: secuencia del terror que vivieron los asistentes al festival de música por la paz en Israel cerca de la frontera con Gaza, tras los ataques de Hamás.
Alrededor de 260 personas fueron asesinadas, otras heridas y tomadas como rehenes. pic.twitter.com/tRA7Z1VeFA
— Alerta Mundial (@AlertaMundial2) October 9, 2023
Првото видео, според временскиот код, почна во 9.23 часот наутро, неколку часа откако, како што присутните изјавија за Си-ен-ен, ги слушнале првите експлозии. На видеото се гледа како милитантот првин вика, а потоа го вперува автоматот кон лице што се засолнило покрај автомобилот. Не е јасно дали пукал предупредувачки или пукал во цивил. Човек облеан во крв е однесен од друг напаѓач. Не е познато што се случило со него потоа.
Atleast 260 bodies have been found at the site of Israel music festival #อิสราเอล #IsraelPalestineWar #Israelmusicfestival pic.twitter.com/00f496jOMI
— Nura Muhammad (@NuraMuh75683531) October 9, 2023
Се гледа уште едно лице како лежи на земјата зад другиот автомобил. Лицето почнува да се движи кога во кадарот се појавува друг милитант. Напаѓачот притрчува, пука во лицето и си оди. Друго видео направено од автомобил, со временска ознака 12.09 часот, покажува двајца милитанти како се приближуваат до телото на друго лице.
BREAKING:
Israel confirms that the bodies of 260 civilians were found at the site of the music festival near the Gaza border fence.
The authorities announce that search and rescue operation is over. pic.twitter.com/rWWVsfqmhy
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 8, 2023
Откако претура по џебовите, милитантот зема нешто од телото и го става во задниот џеб. Неколку минути подоцна ја грабаат жената од задниот дел од автомобилот и ја носат надвор од кадарот на камерата.
Atleast 260 bodies have been found at the site of Israel music festival #อิสราเอล #IsraelPalestineWar #Israelmusicfestival pic.twitter.com/Dj1Iiqpdw1
— 💖𝐀𝐲𝐞𝐞𝐬𝐡𝐞𝐫 𝐲𝐚𝐤𝐬 💖 (@ayeesher08) October 9, 2023
Потоа милитантите го испразнуваат куферот од багажникот на друг автомобил прегледувајќи ја содржината. Набргу потоа заробената жена е видена како трча и мавта кон теренот на фестивалот додека куршуми ја погодуваат земјата околу неа. Повторно се крие покрај куферот и отворениот багажник. Нејзината судбина е непозната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп до Мадуро: Мора да ја напуштите земјата
Претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно му поставил ултиматум на венецуелскиот претседател Николас Мадуро веднаш да се откаже од власта, но Мадуро одбил, барајќи „глобална амнестија“ за себе и неговите сојузници, објави денес „Мајами Хералд“, повикувајќи се на неименувани извори.
„Можете да се спасите себеси и вашите најблиски, но мора да ја напуштите земјата сега“, наводно му рекол Трамп на Мадуро за време на телефонскиот разговор минатата недела, нудејќи безбеден излез за Мадуро, неговата сопруга и син „само ако Мадуро се согласи веднаш да поднесе оставка“.
Мадуро наводно одбил и упатил низа контрабарања, вклучувајќи имунитет од гонење во целиот свет и дозвола за откажување од политичка контрола, но задржување на контролата врз вооружените сили, според написите.
„Мајами Хералд“ објави дека немало понатамошен директен контакт меѓу Трамп и Мадуро, иако Мадуро наводно побарал втор повик минатиот викенд откако Трамп го прогласи воздушниот простор на Венецуела за „целосно затворен“.
Американскиот весник наведува дека разговорите биле посредувани од Бразил, Катар и Турција.
Трамп вчера потврди дека разговарал со Мадуро по телефон, но не даде никакви детали.
„Не сакам да коментирам ништо, но одговорот е да. Не би рекол дека поминало добро или лошо. Тоа беше телефонски разговор“, рече Трамп, според медиумите во регионот.
Фото: ЕПА
Свет
13 лица уапсени во врска со смртоносниот пожар во Хонг Конг
Полицијата во Хонг Конг уапси 13 лица како дел од истрагата за пожар во станбен комплекс во кој загинаа најмалку 151 лице, објави кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“, повикувајќи се на локалните власти.
Во извештајот се наведува дека седум од 20 примероци од материјалот на зградата, кои беа собрани од изгорените облакодери, не ги исполнуваа стандардите за отпорност на пожар.
„Ксинхуа“ додава дека полицијата продолжува да ја истражува несреќата.
Пожар зафати осум облакодери во Хонг Конг во средата, 26 ноември.
Фото: ЕПА
Свет
Минск го обвинува Вилнус за намерна провокација по прелетувањето на дронот
Белоруското Министерство за надворешни работи денес го повика литванскиот вршител на должноста амбасадор во таа земја, Ерикас Вилканецкас, и поднесе протестна нота откога дронот полета од Литванија, прелета над Белорусија и Полска и се врати во Литванија.
Во соопштението на Министерството се наведува дека Минск ги смета ваквите дејства за намерна провокација не само против Белорусија туку и против Полска, објавува агенцијата „Белта“.
„Ваквите дејства претставуваат закана за безбедноста на Република Белорусија и се директно кршење на меѓународното право, вклучително и Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство“, се вели во соопштението.
Дронот наводно прелетал во воздушниот простор на Белорусија во неделата, 30 ноември.
Фото: ЕПА

