Македонија
Со потпис на Артан Груби се отвора можност регионалното подземје да влезе во коцкарскиот бизнис во Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Народот едвај врзува крај со крај, а Владата, наместо економски пакети, мерки или нови работни места, им отвора три нови фирми за коцкање. Да биде скандалот поголем, ова се прави со одлука на Владата, со потпис на Артан Груби, при што на Државната лотарија, раководена од неговиот близок пријател Прпарим Бајрами, ѝ дозволува да распише оглас за доделување лиценци за онлајн-коцкање во партнерство со државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Огласот предвидува услови кои исклучуваат домашни компании и речиси оцртуваат дека оваа лиценца треба да ја добие бугарска компанија од коцкарскиот бизнис која е во сопственост на лик од бугарското подземје, Васил Божков викан Черепот. Но тоа не е се, веќе постојат сериозни индиции дека една од лиценците за овој вносен бизнис треба да биде доделена и на косовска компанија, со што целиот процес се компромитира.
За Черепот знаеме дека е на црната листа на САД, меѓу другото и заради поткуп на функционери со цел да овозможи ширење на својата коцкарска империја, а за другата компанија од Косово допрва ќе излегуваат бизнис тајните.
Едно е сигурно, Груби целиот овој бизнис го овозможува со својот потпис. Ковачевски може никој не го прашува, но е целосно одговорен за тоа што неговата влада се заортачува со подземјето од регионот и овозможува нивно влегување во Македонија преку коцкарски бизниси“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

