Европа
Институтот за проучување на војната: Русија ќе ги искористи нападите на Хамас во Израел за да шири пропаганда за поддршка на инвазијата на Украина
Русија ќе ги користи нападите на Хамас во Израел за да шири пропаганда за поддршка на својата инвазија на Украина, тврди американскиот Институт за проучување на војната.
„Кремљ веќе го обвини Западот за занемарување на блискоисточниот конфликт со концентрирање на напорите во Украина. Сега Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, тврди дека САД и нивните сојузници требало да работат на палестинските и израелските прашања наместо да се мешаат со Русија.
Овие наративи од Кремљ се насочени кон западната публика за да забијат клин во воената поддршка за Украина. Тие се обидуваат да го деморализираат украинското општество тврдејќи дека Украина ќе ја изгуби меѓународната поддршка и имаат намера да ја убедат домашната руска публика дека меѓународното општество ќе ги игнорира воените напори на Украина“, велат од Институтот за проучување на војната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Путин се закани на Западот со нуклеарно оружје, „но овој пат заканата беше малку поинаква“, наведува Скај њуз
Вчерашниот говор на Владимир Путин, во кој тој му се закани на Западот со нуклеарно оружје, не беше прв, а веројатно ниту последен пат кога прибегна кон таков пристап. Но, како што наведува московскиот дописник на Скај њуз Ајвор Бенет, овој пат заканата беше малку поинаква од оние што имавме можност да ги слушаме откако Русија започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Како што наведува, тоа бил „поконкретен, подефиниран обид на Москва да ги прекрои црвените линии“. Сето ова е поврзано со руската нуклеарна доктрина – документ кој дефинира кога и како Москва може да го користи својот нуклеарен арсенал.
Putin's new nuclear bluff.
Putin has announced changes to Russia's nuclear doctrine. The proposal is to include a clause, according to which a war against Russia by a non-nuclear country with the support of a nuclear power will become grounds for using Russian nuclear weapons.… pic.twitter.com/V7cy5tmIuI
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 25, 2024
„Во моментов тоа е само ако е загрозено постоењето на државата. Но вчера Путин рече дека сака да ја промени оваа доктрина, така што, теоретски, Русија може да одговори со нуклеарни бомби на напад од која било држава што користи конвенционално оружје – како на пр. проектили, беспилотни летала и авиони“, јави дописникот на Скај њуз од Москва.
Ова е значајно бидејќи токму тоа се случува со Украина, посочува тој. Путин, исто така, рече дека Кремљ ќе го разгледа секој напад од ненуклеарна сила поддржана од нуклеарна сила како заеднички напад. Тоа е всушност предупредување, или закана за сојузниците на Украина.
Кремљ денеска дополнително ја нагласи оваа закана, па портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, тврди дека вчерашната најава за промена на руската нуклеарна доктрина „Западот треба да ја сфати како специфичен сигнал“.
Но, треба да се има на ум дека Путин претходно се закануваше дека ќе возврати на Западот, а не „само“ нуклеарно и не реализираше ниту една од овие закани. Испраќањето проектили, тенкови и борбени авиони во Украина дојде и пројде без никакви последици.
Имаше, се разбира, многу руски закани за нуклеарен Армагедон и можеби сега двете страни чувствуваат дека овој вид јазик изгубил дел од своето влијание, вели дописникот на Скај њуз и заклучува дека веројатно тоа е уште еден блеф на Путин.
Европа
Објавени имињата на мажите кои ја силуваа 71-годишната Французинка на покана на нејзиниот сопруг
Во Франција во тек е судењето за болниот случај за масовно силување на 71-годишната Жизел Пелико, која една деценија била дрогирана од нејзиниот сопруг Доминик Пелико, а во исто време повикувал непознати луѓе да ја силуваат.
Пелико често ги снимал овие сцени, а во последниве недели се редат признанијата на обвинетите за ова грозоморно злосторство.
Сега се објавени идентитетите и професиите на злосторниците, пренесува францускиот медиум NZ Herald.
Jätiste pildil kujutatud mehi ühendab see, et nad on kohtu all, süüdistatuna teadvusetu võõra naise korduvas vägistamises. Naine on 71-aastane Gisele Pelicot, keda tema abikaasa Dominique Pelicot, ilma tema teadmata uimastas ja seejärel kutsus teisi mehi oma majja naist vägistama pic.twitter.com/eqaJLdx86i
— kadi estland (@EstlandKadi) September 26, 2024
Меѓу нив се мотоциклистот Хјуг Малаго (39), земјоделскиот работник Енди Родригез (37), Матје Дартус (53), пензионираниот пожарникар Жак Кубо, ИТ работникот Лионел Родригез (44), сликарот Хусаметин Доган (43) и Тиери Парисис (54) локален бизнисмен.
Седумте се дел од пошироката група од околу 50 мажи кои повеќе од една деценија беа регрутирани преку интернет од Доминик Пелико, пензиониран електричар сега познат како „Чудовиштето од Авињон“, кој ги канел во својот дом за да ја силува сопругата, откако таа била онесвестена од силните седативи што и ги давал.
Некои обвинети тврдат дека Пелико ги измамил со тоа што ги убедувал да ја силуваат Жизел, но тој при признанието дека е силувач, тврдеше дека и сите други соучесници се силувачи како него.
Европа
(Видео) Сè уште нема трага од бабата и нејзиниот внук, кои исчезнаа за време на поплавата во Италија
Сè уште нема трага од баба Сабина и нејзиниот петмесечен внук Ноа, кои исчезнаа за време на поплавата во Италија.
Во понеделникот вечерта, околу 21 часот, огромен бран на поројот Стерца, кој тече меѓу ридовите Монтекатини Вал ди Чечина, во областа Пиза, ги однесе од куќата.
Мајката, таткото и дедото на детето се безбедни бидејќи имале време да се фатат за столбовите од тремот од куќата и за дрвјата. Првите информации беа дека тие се качиле на покривот на куќата, од каде што биле спасени.
❌#Maltempo #Pisa, prosegue la ricerca di nonna e nipote dispersi a Montecatini Val di Cecina: #vigilidelfuoco con sommozzatori, soccorritori fluviali, droni, cinofili ed elicottero in azione tra loc. Lagabella e Canneto.
Situazione migliorata tra Pisa e Livorno [#23settembre 9] pic.twitter.com/x5b6Yeill0— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) September 24, 2024
Семејството е по потекло од Минхен и беше на одмор во Тоскана 10-ина дена. Веднаш е почната потрага по нив со помош на повеќе од 100 лица, меѓу кои и пожарникари и Црвениот крст. Освен кучиња трагачи, се користат и дронови и хеликоптер. Потрагата засега е неуспешна.
Непрестајниот дожд во понеделникот беснееше низ Вал ди Чесина, на границата меѓу провинциите Пиза и Ливорно, а нивото на реките се зголеми за неколку часа. Кога водата почна да надоаѓа во изнајмената куќа на фармата кај Стерза, надвор веќе беше темно темно, објавија италијанските медиуми.
Според медиумите, германското семејство ги повикало пожарникарите на помош во понеделникот околу 21.30 часот, но јазичната бариера ја отежнала комуникацијата. Врската била прекината, а неколку минути подоцна бебето и бабата биле однесени од силната струја на надојдениот бран.