Македонија
Стоилковски: Дали Ковачевски знае за улогата на бугарскиот мафијаш Васил Божков-Черепот при носење закони

Вицепремиерот Артан Груби мора да каже дали е точно дека однапред е договорено кои три коцкарски фирми ќе влезат во Македонија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Прашува дали однапред е договорено да бидат две фирми од Бугарија и една од Косово.
„Дали Артан Груби е ангажиран за влез на две бугарски и една косовска коцкарница да ги земат новите три лиценци со негов потпис во Македонија? Дали и колку тој ангажман чини? Дали една од двете бугарски фирми е поврзана со Васил Божков Черепот, со мафијашките бизниси и со фирми од црната листа на САД? Дали Ковачевски знае и одобрува евентуални ангажмани на Груби со кои Македонија станува држава на коцката? Дали Ковачевски знае за улогата на Васил Божков Черепот при носење на закони?“, прашува Стоилковски.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Груби од позиција вицепремиер доделена од СДС, го заобиколува законот за коцкање, а откако скандалот изби во јавноста, и по паниката на неговиот пулен директор на Лотарија, сега се турка закон за коцкање, со европско знаменце, а во кој повторно нема ништо европско, ниту референца на што се повикува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.