Свет
Израелка: Хамас ме киднапира мене, но и две мали деца, но потоа ни го поштедија животот
Израелка, која преживеала смртоносен напад од Хамас, раскажа како исламистичките милитанти упаднале во нејзиниот дом, ја заробиле неа и другите и ја убиле нејзината пријателка.
Авитал Алаџем изјави за Си-ен-ен дека таа и нејзиниот сосед Хаим Катсман се скриле во плакарот во саботата кога околу осум милитанти на Хамас почнале да фрлаат бомби и да пукаат убивајќи го Катсман.
Алајем рече дека милитантите ја влечеле заедно со двете мали деца на друга пријателка, четиригодишниот Негев и четиримесечниот Ешел. Таа опиша како биле принудени да одат кон Газа додека нејзината населба била запалена.
„Запалија сè што можеа, автомобили, сè. Искршија сè. Сè беше уништено“, нагласи таа.
„Само си велев дека можеби некои жени таму ќе се грижат за нас, дека можеби ќе бидат малку похумани кон нас“, додаде таа. Потврди дека од причини што не ги разбира милитантите ги ослободиле неа и двете деца кога преминале во Газа.
„Не знам зошто ни ги спасија животите и на децата и мојот. Само ми рекоа да одам. А потоа се вративме назад. Видов тенкови и слушнав многу бомби. Тие викаа. Ние само продолживме“, рече таа. Четиригодишното момче, чие стапало било повредено, морало да ползи до дома.
Алајем успеала безбедно да му ги врати двете деца на татко им, но меѓу исчезнатите сè уште е мајка им Ади Кааплон. Таа рече дека нејзиниот сосед Хајим Катсман, кој беше убиен во нападот, бил добра душа на овој свет.
„Тој (својот) животот ѝ го даде на оваа планета затоа што ме спаси мене, а јас успеав да спасам две деца. Хаим значи ‘живот’ на хебрејски“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

