Свет
Maж со автомобилот удри во кинеската амбасада во Сан Франциско, полицијата го уби
Човекот што удри со своето возило во кинескиот конзулат во Сан Франциско беше застрелан и убиен по конфронтација со полицијата во фоајето, соопштија властите.
Во 15.09 часот по локално време возачот удрил со својот автомобил во фоајето на Генералниот конзулат на Народна Република Кина, во кој се обработуваат визи, потврди наредничката Кетрин Винтерс, портпарол на полицијата во Сан Франциско.
Винтерс додаде дека полицајците се соочиле со возачот неколку минути по несреќата и пукале во него, пренесува Си-ен-ен. Возачот бил пренесен во локалната болница, каде што била констатирана смрт. Не е јасно колку луѓе имало во конзулатот кога се случил инцидентот, но Винтерс рече дека се чини дека никој друг не бил повреден.
На синоќешната прес-конференција Винтерс одби да каже зошто полицијата отворила оган или дали убиениот бил вооружен. Таа исто така одби да коментира дали автомобилот удрил во зградата намерно или да даде други информации за лицето или инцидентот.
Портпаролот на Генералниот конзулат на Кина во Сан Франциско изјави дека несреќата предизвикала сериозна штета на зградата и ги ставила луѓето во сериозен ризик од повреди или смрт. Во соопштението за медиумите тој изјави дека конзулатот најостро го осудува инцидентот и повикува на брза истрага и сериозно постапување во согласност со законот.
Полицијата во Сан Франциско потврди дека нејзини вработени и претставници на американскиот Стејт департмент соработуваат со кинескиот конзулат. Винтерс рече дека властите работат на утврдување која агенција ќе ја води истрагата за инцидентот.
„Ова е уникатна истрага бидејќи инцидентот се случи во фоајето на кинескиот конзулат, така што се вклучени голем број агенции и јурисдикции“, заклучи таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

