Свет
(Видео) Хамас киднапира 85-годишна жена
Внуците на една постара жена, која Хамас ја зеде како заложник, предупредија дека таа е без лекови и има големи болки. На снимката се гледа како Јафа Адар е однесена преку границата во Газа во саботата со кола за голф, опкружена со вооружени лица, пишува „Скај њуз“.
85-годишната жена е меѓу стотиците израелски цивили и војници што беа земени како заложници откога Хамас изврши ненадеен напад од Газа во саботата.
Адва Адар изјави за „Скај њуз“ дека Јафа е неверојатна жена и неверојатна баба, која изгледа многу силна на видеото, кое е споделено во целиот свет.
Israeli Citizen Adva Adar’s 85-year-old grandmother, Yaffa Adar was kidnapped by Hamas Terrorists and paraded with weapons in the Gaza Strip. Adva’s grandmother continues to be held hostage. Adva has made an appeal to the world as she explains the trauma her family has faced in… pic.twitter.com/VkkpMxgTzc
— NewsX (@NewsX) October 9, 2023
Сепак, Адва тврди дека нејзиното семејство е сериозно загрижено за тоа што ќе се случи следно.
„Шокирани сме, секој сантиметар од телото нè боли. Многу се плашиме за неа, болна е, а нема лекови со себе. Не знаеме ни колку долго може да преживее без лекови. Она што го знаеме е дека има силни болки без лекови. Да се надеваме дека е жива, но секоја минута страда“, рече таа.
Таа ја опиша својата баба како „многу позитивна, многу смешна жена“.
„Таа сака да ужива во својот живот, сака да ни помага да уживаме во нашиот живот – да не гушка, да се грижи за нас“, додаде таа. На прашањето дали има порака за Хамас, таа рече дека киднапирањето невини луѓе што се обидуваат да го живеат својот живот не е хумано.
„Тие мора да се вратат дома. Ситуацијата е можеби тешка, но нема причина во светот да бидат киднапирани постари жени, деца и бебиња. Нема причина и вратете ги дома. Што и да правите, само донесете ги дома“, продолжи таа.
Портпаролот на Хамас, Абдел Латиф ал-Кануа, изјави за новинската агенција „Асошиетед прес“ дека нивните борци заробиле неколку израелски заложници.
Милитантната група сака во замена да бидат ослободени сите палестински затвореници што ги држи Израел. Во саботата, кога почна нападот, борците на Хамас киднапираа посетители на забава што бегаа од музички фестивал од Кибуц Реим во близина на Газа.
Снимките на социјалните мрежи покажаа десетици луѓе како трчаат низ полињата и по патот додека одекнуваа истрели, а најмалку 260 тела беа извадени од местото на настанот. Според Хамас, некои израелски заложници и нивните киднапери биле убиени во воздушни напади од викендот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.