Свет
Кинеската амбасада во Сан Франциско објави детали за ударот со автомобил
Полицијата го уби возачот на возилото што во понеделникот удри во кинескиот конзулат во Сан Франциско и го оштети фоајето на канцеларијата за визи на зградата, соопшти локалната полиција.
Сè уште не се познати идентитетот на возачот и неговите мотиви. Во инцидентот нема повредени други лица.
„Не знам колку луѓе имало во канцеларијата за визи во моментот на несреќата“, изјави портпаролката на полицијата во Сан Франциско на брифингот со новинарите неколку часа подоцна.
„Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, откриле дека возилото застанало во фоајето на кинескиот конзулат. Полицајците влегле внатре, оствариле контакт со осомничениот и дошло до престрелка“, рече таа.
„Осомничениот подоцна беше прогласен за мртов во болница. Ова е отворена и активна истрага“.
Полицијата ја координира истрагата со истражителите од американскиот Стејт департмент, рече тааж додавајќи: „Не можеме да објавиме повеќе информации во овој момент“.
Кинеската дипломатска служба во Сан Франциско издаде соопштение во кое се вели дека „неидентификувано лице насилно влетало во сала за документи на конзулатот, што претставува сериозна закана за безбедноста на персоналот и луѓето на местото на настанот и предизвикува сериозна штета на објектите и имотот на конзулатот“.
Конзулатот понатаму објави дека „најостро го осудува овој насилен напад и го задржува правото да ја преземе одговорноста за инцидентот“.
Стејт департментот сè уште не одговорил на барањето за коментар за инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

