Свет
Млада Израелка преживеала криејќи се седум часа под телa на убиени млади луѓе на фестивалот

Млада Израелка, која била на рејв-фестивалот недалеку од границата со Газа кога терористите на Хамас почнале да се инфилтрираат и да ги убиваат, успеала да преживее криејќи се седум часа под телата на убиените во нападот.
Ли Саси присуствуваше на фестивалот, кој привлече околу 3.000 луѓе, главно млади Израелци, кога Хамас го почна својот ненадеен напад во саботата наутро принудувајќи ги присутните да трчаат да си ги спасат животите. Младите луѓе се криеја каде ќе стигнат, вклучително и во овоштарниците, а пукањето траеше со часови.
Саси и 35 други се засолниле во бункер кога ги откриле борците на Хамас, кои почнале случајно да пукаат во бункерот.
Саси беше една од 10-те луѓе што го преживеаја ужасниот напад криејќи се со часови под мртвите тела, според пораките што таа ги праќала на пријателка и ги споделила со репортерката на i24news, Наташа Ракел Кирчук Гутман, на „Инстаграм“.
Ужасното видео покажува луѓе набиени во тесен простор, а некои се кријат под телата на убиените.
Во пораките Саси ѝ кажува на својата пријателка дека меѓу 30 и 35 луѓе влегле во бункерот, но кога била спасена седум часа подоцна, само десет луѓе го напуштиле бункерот живи. Нејзината пријателка проверува дали правилно ја разбрала пораката на што Саси потврдува дека ја сфатила.
„Не се шегувам“, додала таа и испратила фотографија на која изгледа дека неколку има тела наредени едно врз друго. Таа и кажала на својата пријателка дека биле испукани илјада куршуми додека групата се криела, како и рачни бомби.
„Го нападнаа фестивалот и почнаа да пукаат и да фрлаат гранати во засолништето што немаше врата“, напиша таа. Додаде дека сеттоа траело седум часа континуирано.
Во пораките Саси наведува дека стапила во контакт со своите роднини во Израел, кои испратиле поранешни војници да ја спасат неа и другите. Се утврди, додаде таа, дека меѓу нив била и ќерката на еден од поранешните војници, кој дошол да ги спаси.
„Имавме толку среќа. Тоа беше чудо“, рече таа за спасувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шпанија со закон го забранува извозот на оружје во Израел: „Сакаме да се стави крај на геноцидот во Газа“

Шпанските пратеници денес гласаа за закон со кој се воведува ембарго за извоз на оружје во Израел, мерка што долго време ја заговараше социјалистичкиот премиер Педро Санчез за „запирање на геноцидот“ во Газа.
„За“ гласаа 178 пратеници, а 169 беа против. Малцинската влада на социјалистичкиот премиер конечно ја доби поддршката од четири пратеници од крајно левичарската партија Подемос, која не откри како ќе гласа до денеска наутро.
Шпанското ембарго е на сила од октомври 2023 година, но социјалистичката влада сакаше да ја „зацврсти правно“ одлуката.
Санчез го објави тоа на 8 септември, по што израелската влада реагираше жестоко, но Израел го повлече својот амбасадор од Шпанија во 2024 година, откако Мадрид ја призна Палестина.
Регион
Вучиќ: Турција сонува повторно да ја обнови Отоманската Империја

По пристигнувањето на турските беспилотни летала во Приштина, имаше остра реакција од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја обвини Турција дека сонува за обнова на Отоманската Империја. Со овој потег, Србија премина од „златно доба“ во односите со Турција и пријателството со Ердоган на отворени политички тензии за само една година, пишува N1.
Косовскиот премиер Албин Курти претходно објави на Фејсбук дека пристигнале беспилотните летала, додавајќи дека десетици безбедносни сили веќе се обучени да ги користат.
Курти објасни дека договорот со турската компанија Бајкар бил потпишан во декември минатата година, а дроновите биле испорачани три месеци пред предвидениот рок. Тој нагласи дека Косово „продолжува да ја зајакнува ударната моќ на својата армија“ со модерна технологија.
Реагирајќи на веста, Вучиќ остро го осуди потегот на Турција, велејќи дека е „ужасен“ и дека тоа „јасно покажува дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан“.
„Згрозен сум од однесувањето на Турција и грубото кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како и од континуираното вооружување на властите во Приштина. Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува за оживување на Отоманската империја. Србија е мала земја, но ние добро ја разбравме пораката“, рече Александар Вучиќ.
Реагираше и владината Канцеларија за Косово и Метохија, а нејзиниот директор Петар Петковиќ ја повтори оценката на Вучиќ дека Србија „ја разбрала пораката“ и дека „не е случајно“ што беспилотните летала биле доставени во Косово три месеци пред предвиденото.
Турција го направи ова, смета Петковиќ, „само неколку дена пред локалните избори“, со цел да му ја обезбеди на премиерот на Приштина „потребната поддршка пред изборите на 12 октомври, за да може да продолжи да го тероризира српскиот народ“.
Петковиќ рече дека Белград „ќе продолжи одговорно да го зачувува мирот и стабилноста, и покрај вооружените сојузи што се создаваат на штета на мирот и претставуваат директна закана“.
Фото: ЕПА
Свет
Белорусија испраќа рекордни количини бензин во Русија

Белорускиот железнички извоз на бензин во Русија се зголеми за четири пати во септември во однос на претходниот месец, бидејќи Москва се справува со недостиг на гориво предизвикан од украинските напади врз нејзината енергетска инфраструктура, објавија извори од индустријата синоќа, објави „Ројтерс“.
Неколку руски региони беа принудени да воведат мерки за штедење и привремено да ги замрзнат цените на горивата во последните недели. Причината е недостигот на популарни видови бензин предизвикан од напади со беспилотни летала насочени кон рафинерии и други енергетски објекти.
Како одговор, Москва, исто така, го ограничи извозот на бензин и дизел. Ова не е првпат Русија да се потпира на соседна Белорусија, таа, исто така, го зголеми увозот на гориво минатата година за да го покрие недостигот на пазарот.
Според извори, пратките на бензин со железница од белоруските рафинерии до рускиот домашен пазар минатиот месец достигнаа 49.000 метрички тони, што е еквивалентно на 14.500 барели дневно. Заедно со бензинот, испораките на дизел во септември изнесуваа 33.000 тони.