Економија
Ниту еден лозар нема да биде оставен сам, обезбедена поддршка за произведеното винско и трпезно грозје, соопшти Министерството за земјоделство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со свој став во однос на денешниот протест на група лозари.
„Како министерство сите овие години во дело сме докажале дека сме искрен партнер на лозарите. Дека се грижиме и даване поддршка за секој еден земјоделец.
При бербата и откупот на грозјето, како и секоја година, така и оваа бевме во постојана комуникација и координација со подсекторската група за вино и грозје, следејќи ја бербата, откупот и цената по која се откупува.
Оваа година поради климатските промени, честите дождови и појавата на болести, имаме послаб род кај лозарите. Ова пак од друга страна допринесува оваа година винариите да се борат за грозје, по цена која е прифатлива за лозарите.
Како министерство и оваа година лозарите не ги оставаме сами.
Уште при бербата министерот Љупчо Николовски од Неготино ја најави мерката за поддршка на сите лозари, која како предлог се дава до подсекторската група за вино и грозје“, информираат од МЗШВ.
Со оваа мерка, како што појаснуваат, се дава поддршка на лозарите за произведено винско, но и за прв пат, со поддршка и за прозиведено трпезно грозје од најмалку 12.000 денари по хектар. Мерката која се предлагаме според министерството дава двојно поголема поддршка од онаа која лозарите од протестот ја упатуваат како барање за 2 денари по килограм.
Мерката како што нагласуваат, за прв пат ги опфаќа сите лозаропроизводители.
„Веднаш по завршување на бербата, добивајќи ги точните бројки, до Владата на усвојување ќе ја предложиме мерката. Заедно и овој предизвик ќе го поминеме.
Лозарите до крајот на годината, покрај оваа допопнителна поддршка, добиваат и 12.000 денари, авансна исплата на 30% од субвенциите за тековната 2023 година, а остатокот од 28.000 денари, традиционално како и секоја година за празникот Св. Трифун.
Со новиот модел за субвенционорање, кој од оваа годона старуваше, за лозарите нема услов за минимални количини на произведено и набрано грозје, па затоа сите лозари независно од тоа колкава количина грозје произвеле, ќе ги добијат преостанатите 28.000 денари со поднесена изјава“, се потенцира во соопштението на министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.
Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.
По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.
„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.
Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.
Економија
Од бесплатни услуги до премиум-привилегии, сè во една банка

Без разлика дали сте примател на плата, пензија или млад корисник на HalkЕz пакетот, да се биде клиент на Халкбанк значи можност, секојдневно да добивате повеќе.
Повеќе слобода, повеќе удобност, повеќе безбедност и пристап до услуги кои ви го олеснуваат животот, а притоа штедите време и пари.
Халкбанк за своите клиенти, приматели на плата/пензија овозможува бројни услуги кои се целосно бесплатни, како на пример подигнување готовина без провизија од сите банкомати, на сите банки, во земјата, со Mastercard дебитната картичка.
За младите до 24 години, HalkEz пакетот значи почеток на финансиска независност со поддршка, со бесплатно одржување на платежна сметка, бесплатно електронско и мобилно банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка – без надоместок за годишна членарина со која можете да повлекувате готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство.
За пензионерите, Халкбанк обезбедува сигурност и лесни пензионерски денови, преку редовна и навремена исплата на пензијата пред секој 1ви во месецот, како и преку овозможување на бесплатни услуги кои се дел од специјалниот Пакет за пензионери. Пензионерите добиваат бесплатна MasterCard дебитна картичка со која можат да подигнуваат готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, а дополнително и бесплатно електронско банкарство и бесплатна мобилна апликација. Интерните налози на шалтерите на банката се без провизија. За секоја направена трансакција, пензиониерите добиваат и бесплатни СМС известувања.
За оние што што бараат нешто повеќе, тука се Премиум картичките на банката. Во премиум програмата, Mastercard World Debit, Mastercard World Credit, Visa Platinum и Visa Gold на Халкбанк носат едно поразлично ниво на искуство.
Со дебитната премиум картичка Visa Platinum следува бесплатно подигање на готовина во странство, бесплатно електронското банкарство и СМС инфо, како и 2 бесплатни посети на LoungeKey и Fast Track услугата, додека со Mastercard World Debit добивате бесплатно годишен пристап од 6 влеза до аеродромските LoungeKey салони, како и Асистенција на пат – пакет Европа. Со Мastercard World Credit овозможен е бесплатен пристап до Lounge Key салоните за над 1400 аеродроми во светот, кадешто ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалоци, Wi-Fi, електрични приклучоци, весници и она најважното, мир.
Со Visa Gold премиум картичката, корисниците покрај можноста за пристап до висок кредитен лимит и полиса за осигурување од незгода може да уживаат во привилегијата на бесплатна Fast Track услуга на аеродромот во Скопје, која овозможува побрзо завршување на административните формалности во делот за полетување, а кои вклучуваат пасошка контрола и безбедносна проверка.
Преку кредитната картичка Visa Travel се добива пристап и до иновативните ORYX услуги, кои нудат поддршка на пат (ORYX на пат) во случај на незгода или потреба од влечна служба и Drive Angel мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа и многу повеќе.
Како приматели на плата и корисници на Халк Смарт пакетот, за само 150 денари месечен трошок, добивате дебитна картичка со можност за повлекување готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, без годишна членарина и без трошок за редовно реиздавање. Во рамки на пакетот е вклучено и електронско т.е. мобилно банкарство, без никакви дополнителни трошоци за месечно одржување, како и со неограничен број на бесплатни електронски, интерни или меѓубанкарски, налози ПП30 и ПП50. Со пакетот добивате и бесплатни СМС известувања за сите извршени трансакции. Како дополнителна вредност за корисниците на пакетот, вклучен е и подарок ORYХ Home Аssistance – поддршка за поправки во домот, без надомест.
Со Халкбанк, добивате многу повеќе од обична банкарска услуга, добивате партнер кој е тука за вас во секој чекор. Со транспарентни услуги, практични решенија и постојана грижа за клиентите, Халкбанк е ваш доверлив финансиски партнер.
(ПР)
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата на Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред.
Ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш е најголема енергетска инвестиција од осамостојувањето до денес. 500 милиони долари ќе влезат во државата, а СДД наместо да се радува лее солзи.
Многу скоро од денес, Македонија од увозник на струја, ќе стане извозник.
Владата ја обезбедува енергетската сигурност на државата.
Иднината во Македонија ќе биде сигурна, сите ќе живееме во држава која ги има сите придобивки на 21-от век. А, СДС слободно може да останат со реториката во минатиот век, народот тоа го гледа и ќе ги избрише на следните избори“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.