Македонија
Владина делегација во Прилеп го одбележа Денот на народното востание
Со високи почести, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, положи свежо цвеќе на спомениците на народните херои во Прилеп, по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, кој оваа година се слави под мотото „Непокор и слобода“.
Дел од владината делегација беа и заменик министерката за здравство, Маја Манолева и заменик министерот за образование и наука, Агим Нухиу, кои заедно со вицепремиерот Битиќи положиа свежо цвеќе и оддадоа почит пред споменикот на Методија Андонов Ченто, за да потоа се упатат пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, каде истотака положи цвеќе.
На крајот на свеченото одбележување на 11 Октомври, официјалната делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од заменик претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, свечено положи цвеќе и пред споменикот „Жена Борец” во Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

