Спорт
Баерн во јануари ќе се обиде да го донесе Палиња
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен не се откажува од фудбалерот на Фулам, Жоао Палиња.
Оваа вест повторно ја потврди Фабрицио Романо, кој објави дека Баерн и Фулам ги обновиле преговорите.
Како што е познато, Португалецот отпатува во Минхен на медицински прегледи во последниот ден од летниот преоден рок, но неговиот трансфер пропадна бидејќи Фулам не успеа да најде соодветна замена.
Палиња, разочаран се врати во Лондон, со најава дека во иднина сака да го облече дресот на еден од најпознатите клубови во светот.
Баерн и тренерот Томас Тухел не кријат дека Палиња ќе им биде приоритет во зимскиот преоден рок, бидејќи истиот ден кога им пропадна трансферот на палиња, клубот го напупти Рајан Гравенберг.
До јануари има доволно време и Фулам да најде соодветна замена за Португалецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мурињо оди во Истанбул, но не во Фенербахче туку во Бешикташ
Жозе Мурињо, еден од најтрофејните тренери во историјата, е многу блиску до преземање на Бешикташ. Ова го пишуваат турските медиуми, а го потврди и претседателот на клубот од Истанбул.
„Го контактиравме Мурињо. Тој е подготвен да дојде во нашиот клуб. Договоривме нов состанок следната недела во Италија. Финансиските детали од договорот се решени”, изјави Хусеин Јуџел, претседател на Бешикташ.
Мурињо неодамна беше поврзуван со Фенербахче, но Бешикташ очигледно е далеку поконкретен. Тој клуб и оваа сезона ги разочара своите навивачи, далеку е зад најголемите ривали Галатасарај и Фенербахче.
Доколку дојде Мурињо ќе треба да се вмеша во борбата за титулаѕа, која последен пат Бешикташ ја освои пред три години.
Славниот Португалец е без работа од јануари кога доби отказ од Рома поради лошите резултати.
Спорт
Ферстапен најбрз во Имола
Макс Ферстапен во Имола ја забележа 59.победа во кариерата. Актуелниот светски првак триумфираше на трката за Големата награда на Емилија Ромања. Покрај Ферстапен место на победничкиот подиум изборија Ландо Норис (Мекларен) и Шарл Леклер (Ферари).
Траката во Имола речиси и да не донесе никакви возбудувања. На почетокот во првите 10 кругови Пасјтри се обидуваше но не успеа да го мине Карлос Санц на четвротто место. Она што не на младиот Австралиец му успеа на патеката му успеа низ боксот.
Мала незивеснот имаше во последните седум круга, кога Ферстапен се пожали на проблеми со пенвматиците. Норис тоа го искористи, разликата од седум секунди ја намали на седум десетинки, но не дојде во позиција за напад.
Покрај најдобрите тројца бодови во Имола освоија Пјастри, Саинц, Хамилтон, Расел, Перез, Строл, и Цунода.
Шампионатот во Формула 1 продолжува наредниот викенд со трката за Голмата награда на Монако.
Спорт
(Видео) Каљари избори опстанок во Серија А
Фудбалерите на Сасуоло загубија на домашен терен од Каљари со 2:0. Екипата од Сардинија, која од клупата ја предводи Клаудио Раниери де на коло пред крајот дефинитивно обезбеди опстанок во Серија А.
За разлика од Каљари, Сасуоло во последното коло гостува кај Лацио, а ниту победа не му гарантира опстанок.
До победата Каљари го предводеа Матео Прати, кој ја погоди мрежата на домаќините во 72. минута и Џанлука Лападула, кој погоди од пенал во судиското надополнување.
Ова беше прва победа на Каљари по пет кола.
Тимот од Сардинија сега има четири бода повеќе од Фросиноне и Емполи, а седум бода повеќе од Сасуоло пред последниот натпревар сезонава.
Тимот предводен од Клаудио Раниери од клупата ќе ја пречека Фиорентина во последниот натпревар од сезоната.