Црна хроника
Дрога оружје и пари пронајдени при претреси во скопско

Денеска од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во с. Страчинци кај Т.Ф.(32).
При претресот пронајдени и одземени се бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитала вага, две рамки од автоматска пушка, една пушка, 399 куршуми, еден пиштол со рамка, една ловна пушка, 13 ловни патрони, еден панцирен елек, мобилни телефони, 26160 евра и 698580 денари.
Полицијата соопшти дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.
Исто така, денеска, полициски службеници од ЕНТ при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од ЕИП, по претходно добиени оперативни сознанија и издадена наредба од Основен кривичен суд- Скопје извршија претрес во дом на Б. Н. (45) од с.Горно Коњари. При претресот пронајдени се еден ловен карабин, една ловна пушка, еден пиштол со рамка, 87 куршуми и четири ловни патрони. Б.Н. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетници ограбиле жена на улица во Карпош

Двајца малолетници ограбиле жена на улица во Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје В.Т.(62) од Скопје пријави дека околу 06.00 часот на подрачјето на Карпош две малолетни лица со употреба на физичка сила и ја одзеле чантата, во која имало пари, мобилен телефон, лични документи и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во Ургентниот центар нападната од нејзин колега

Скопјанка пријавила во полиција дека била нападната од вработен во Клиниката „Мајка Тереза“.
Според информациите од МВР, вчера С.А.(51) од Скопје пријави дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била физички нападната од Г.В., двајцата вработени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик

Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик.
Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(43) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање при вршење на службата“.
На 30.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавената- вработена во училиштето, физички нападнала ученик во училиштето.